
За компанијата: Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје
компанија која се занимава со промоција и продажба на препарати од повеќе реномирани фармацевтски производители објавува конкурс за:
РЕФЕРЕНТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
Потребни квалификации:
- IV или VII-1 степен на стручна подготовка : предност фармацевтски техничар или дипломиран фармацевт
- Работно искуство : Минимум две години работно искуство во веледрогерија на исто или слично работно место ќе се смета за предност
Потребни вештини и способности:
- Одлични организациски и комуникациски способности
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Флексибилност и способност за тимско работење
- Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Одлично познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б категорија
Ние нудиме:
- Работа во амбициозен и професионален тим
- Континуирана едукација и стимулативна работа
Доколку ги исполнувате наведените услови од конкурсот, Ве повикуваме да ја испратите својата биографија и препорака најдоцна до 05.08.2021, на e-mail:
[најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор.
Слични огласи »