
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »За потребите на нашиот клиент, компанија од прехрамбената индустрија, Декра ја огласува следната позиција:
- Раководител на производство и контрола на квалитет
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Го координира и организира производството на сокови, каши и други преработки, согласно годишниот и месечниот план;
- Ги дефинира потребите од репроматеријали и суровини врз основа на месечниот и годишниот план;
- Се грижи за рационално користење на работна рака, репроматеријали, суровини како и користење на средствата за производство;
- Ја следи контролата на квалитет на сите примени репроматеријали, суровини, полупроизводи и амбалажа;
- Дефинира постапка за производство за сокови и преработка на овошје;
- Организира редовна контрола на готовите производи, водата, согласно важечките прописи и соработка со овластените институции за таа намена;
- Се грижи за едукација на стручните, раководините и останатите производствени кадри;
- Дава предлози за прием, прераспределување на работниците во рамките на систематизација и потребите во процесот на производство;
- Го организира производството, распоредот на вработените по работни места и смени;
- Дава налог на технолозите и сменоводителите за производство;
- Врши контрола на користењето на репроматеријали и суровини;
- Ги одобрува работните налози за потрошените репрометеријали и суровини, количина на производство и остапува од нормативите на потрошувачка;
- Врши контрола на придржувањето на производството кон рецептурите доставени од стручната служба на матичната компанија во однапред дефинираната постапка за производство;
- Го организира процесот на преработка на овошје, сместување и чување на полупроизводите во складиште;
- Води архива за извршените здраствени хигиено- биолошки анализи на готовите производи;
- Води евиденција за санитарните прегледи на вработените;
- Се грижи за одржување на хигиената во друштвото;
- Го организира и контролира чистењето на опремата и средствата;
- Се придржува кон мерките за ХТЗ и ППЗ;
- Должен е да биде лојален кон друштвото и да ја чува совесно и строго деловната тајна.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено Виско Образование- Технолошка струка, предност Прехрамбен смер;
- Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично владеење на MS Office package;
- Возачка дозвола- Б категорија.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Способност за менаџирање и контролирање на работата и обврските;
- Одлични интерперсонални вештини и способност за работа во тим;
- Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
- Конструктивен пристап кон работни предизвици и цели;
- Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
- Позитивен ментален став;
- Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е: 03/03/2019
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Останати огласи »