Мотиви лого

Дадилка

Плата од 30.000 ден.

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Мотиви Вработување за свој клиент, објавува оглас за вработување на

 

ДАДИЛКА – негувателка

 

Дадилката ќе биде вклучена во сите активности коишто се однесуваат на грижа и нега на детето во домот на семејство, вклучувајќи секојдневна (понеделник-петок) грижа и нега на детето, едукативни активности и придружување на детето.

 

Клучни одговорности на дадилката:

·         Грижа и нега на бебе

·         Хранење, стерилизација на шишиња

·         Подготовка на оброци за детето и хранење

·         Бањање, облекување и пресоблекување

·         Помош на детето околу лична и општа хигиена

·         Организирање на денот

·         Овозможување на едукативни игри согласно возраста и развој на детето

·         Читање на книги

·         Помош околу домашни задачи

·         Прошетки

·         Одржување на детска соба и простор за играње

 

Квалификации и вештини:

·         Минимум средно образование ( високо образование и насочено образование ќе се смета за предност)

·         Одлични комуникациски вештини

·         Претходно искуство како негувателка

·         Препораки од претходни работодавачи

·         Посветеност на професијата, континуирана едукација и напредување

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на: kariera@motivi.mk со назнака ДАДИЛКА или со порака на Viber: +389 78 479 313

 

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »