Обука за подготовка на EU & US Проекти, во организација на ПРОЕФЕКТ

За компанијата: Промотивни огласи на KARIERA.mk. Доколку сакате да објавите ваш оглас и да ги најдете најдобрите кандидати за вашите работни позиции, креирајте сметка на сајтот и објавувајте огласи бесплатно. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 12.2016
  • ПРОМО
  • Активен до 22.12.2016
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Веб: kariera.mk

Следните термини на Обуката за подготовка на EU & US Проекти, во организација на ПРОЕФЕКТ се на: 
- 13 и 14 Декември (вторник и среда), во рамките на која се организира и бесплатна сесија на 13 декември од 9:30 до 11:30. 
- Дополнително, само бесплатна сесија на 10 декември од 9:30 до 11:30. 

На бесплатните сесиси може да присуствува секој кој ќе се пријави со пополнување на апликацијата дадена на линкот подолу до пополнување на лимитот на можни учесници на кој ќе се претставт сите отворени повици за грант поддршка на EU и на USAID (со крајни рокови до 31 јануари 2016) .

Обуката (и отворената/бесплатна сесија) се одржува во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ со Зоран Стојковски, како главен обучувач за оваа тема со богато 20 годишно искуство во работа за меѓународни и домашни организации за грант поддршка.

Понудата вклучува дводневната обука за развој на проектни апликации и еден консултански ден за менторство (кој може да се распредели на 3-4 средби од по 2-3 часа) за финализација на проектната апликацијата за добивање на грантови (неповратна финансиска поддршка) од една од следниве Европски програми и други достапни инструменти (кои се отворени во моментов):
1. COSME- Претприемнички шеми за поддршка на мигрантите ( Рок: 20 декември)
2. USAID – Проект за Младинска Етничка Интеграција (Youth Ethnic Integration (YEI) Activity) – (Рок: 21 декември)
3. IPA- EU TAIB - Грантова шема за спроведување на проекти за зголемување на конкурентноста на корисничките земји (Рок: 23 декември)
4. Барање за апликации за партнерски грантови на програмата на УСАИД за граѓанско вклучување (Рок: 23 декември 2016)
5. Council of Europe - Поддршка на младински проекти за е-учество (Рок:31 Декемеври) 
6. Повик од ACTION SEE – Accountability, Technology and Institutional Openness Network in SEE за ГОи од МК, СРБ, АЛ, КОС, БиХ, МНЕ (Рок: 15 Јан 2017)
7. Повик за грантови од ГОи од проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“ на YES мрежата
8. Грант поддршка за нови и проекти за сигурност на луѓето на Јапонска амбасада (отворен повик)
9. Грантови на Civica Mobilitas II (ад-хок и мали акциски грантови роковите се постојано отворени)

Покрај нив учеснициите ќе можат да се запознаат со дури 23 постојано отворени повици за грант поддршка во текот на целата година. 
Посебен фокус ќе биде даден и на дел скоро 200-те повици на Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ, Horizon2020, кои имаат крајни рокови од јануари до март 2016. Издвојуваме неколку од нив:

Столб I на Horizon 2020 – Извонредна наука - 5 повици
1. Консолидаторски грантови на Европски истражувачки совет- ERC (Рок: 17 јануари 2017)
2. Грантови за потврда на концепти на ERC (Рок: 19 јануари 2917)
3. Идни и растечки технологии (FET) - Истражувачки и иновативни акции (Рок: 17 јануари 2017)
4. Марија Склодовска Кири Акции – Програма за иновативни и истражувачки тренинзи, развој на одлични кариери и размена на знаење (Рок: 10 јануари 2017)
5. FET Проактив – Потикнување на развој на идни теми преку истражувања кои ветуваат (Рок: 10 јануари 2017)

Столб II на Horizon 2020 - Индустриско лидерство (вкупно 80 повици до 31 март 2017). Дел од нив со рок во јануари 2017 се:
4 повици за енергетски ефикасни згради (Рок 19 јануари 2017): 
1. Развој на реновирање за добивање на високо енергетски згради
2. Високо ефикасни хибридни решение за чување на енергија и топлина во згради и населби
3. Интегрирање на собирањето на енергија за згради и населби 
4. Нови бизнис модели за енергетски ефикасни згради преку решенија за реновирање 

Столб III на Horizon 2020 – Општествени предизвици (вкупно 97 
повици до 31 март 2017). Дел од нив со рок во јануари 2017 се:
6 повици за Енергетска ефикасност 2016-2017 (Рок 19 јануари 2017)
1.Искористување на отпадната топлина од урбаните капацитети и повторно користење за да се зголеми енергетската ефикасност на ниво на населба или кај индивидуалните системи на греење и ладење
2.Нови решенија за греење и ладење користејќи ниско ниво на термални енергија 
3.Промена во однесувањето кон енергетската ефикасност преки ИКТ
4.Интеграција на одговорот на побарувачката во Системите за раководење со Енергијата за обезбедување на интероперабилност преку јавно приватно партнерство
5. Валоризација на отпадната топлина во индустриски системи
6.Носење на повеќе енергетски ефикасни и итегрирани информациски центри на пазарот

Ќе бидат претставени и следниве 7 повици на Програмата Erasmus Plus кои се со краен рок до 16 февруари 2016: 
1. Erasmus + KA3 – Партнерство меѓу стручното образование и бизнисот преку работно базирано учење и пракса (РОК : 17 јануари , 12:00 часот)
2. Erasmus + КА 1 Мобилност на индивидуи во областа на образование и обука (Рок: 02.02.2017)
3. Erasmus + КА 1 - Мобилност на индивидуи само во областа на младите (Рок: 02.02.2017)
4. Erasmus + КА 2 Стратешки партнерства во областа на млади(Рок: 02.02.2017)
5. Erasmus + КА 3 Состаноци помеѓу младите луѓе и носители на одлуки во областа на младите(Рок: 02.02.2017
6. Erasmus + КА 1- Градењ на капацитети во областа на високото образование 2017: Соработка за иновација и за размена на добри практики, (Рок: 09.02.2017)
7. Erasmus + КА 1 Мобилност за учење на индивидуи: Erasmus Mundus заеднички магистерски студии (Рок: 16.02.2017)

Секој учесник добива материјали за работа, потребните формати, како и сертификат за завршен курс (на крајот по процесот на менторство). Котизација за учество е 9.500 мкд и ги опфаќа и трошоците за храна, кафе и пијалоци за освежување на учесниците. 

Тргнувајќи од мисијата на Проефект, и принципите на општествената одговорност, за оваа обука е предвидено 20% попуст на котизацијата (или 7.600 мкд) за следниве категории на учесници: Персонал и активни членови на граѓански организации, студенти и невработени повеќе од 6 месеци. Попуст се пресметува и доколку тројца учесници од иста организација/институција се пријават за учество (во тој случај еден од нив ќе ја следи обуката бесплатно (т.е. ќе се плати само котизација само за двајца учесници во вредност од 19,000 мкд). 

Пополнетата апликација за учество (на следниот линк :http://goo.gl/forms/Ox5Yl3b5oJ ) треба да ја поднесете во најскоро време, но не подоцна од 12 часот на еден ден пред одржувањето на обуката. Плаќањето на котизацијата треба да се направи веднаш по поднесувањето на оваа апликација за учество (и по добивањето на фактура од ПРОЕФЕКТ) на жиро сметката на ПРОЕФЕКТ најдоцна еден ден пред почетокот на обуката. Обуката се одржува во периодот од 9.30-17.30 во секој од деновите на обука во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ во Скопје. За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 070 355 095 или на е-маил адресата [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »