
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Распишуваме оглас за работното место „Припрес оператор“.
На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации.
Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец, со можност за продолжување на 3, 6 или 12 месеци или на неопределено време.
Лични карактерискити на кандидатот:
- Комуникативност;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Флексибилност, проактивност и лојалност;
- Желба за докажување и напредок;
- Способност за самостојна и тимска работа.
Професионални знаења и способности
- Минимум две години искуство на иста или слична позиција;
- Одлично познавање на:
Adobe Illustrator, Photoshop, InDesign, Acrobat, CorelDraw, софтвер за импозиција на фајлови.
Опис на работно место:
- Прием на клиенти кои имаат барање за печатење;
- Прием на фајлови за печатење, нивна проверка и адаптација;
- Дефинирање на барањата на клиентите и изработка на понуда во консултација со Раководителот на Секторот;
- Информирање на клиентите за можностите на компанијата;
- Информирање на клиентите за роковите за испорака.
Нудиме:
- Постојана поддршка и помош од вработените во Полиестердеј во периодот потребен за адаптација;
- Одлична работна атмосфера;
- Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
- Можност за учење и стекнување нови вештини;
- Редовна Плата;
- Почетна плата (за првите 1 – 3 месеци) 24.000 – 30.000 во зависност од искуството на кандидатот.
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција припрес оператор”.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »