За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
За вработување кај наш реномиран клиент кој се занимава со изработка, поправка и промет на очни и други помагала, потребно е:
ОПТОМЕТРИСТ ( РЕОН СКОПЈЕ И ОХРИД )
Опис на работни задачи:
- Продажба на очни помагала
- Монтирање и замена на леќи во очила
- Одредување на диоптрија и рефракција
Бараме:
- Високо образование на универзитет “Гоце Делчев” во Штип / смер Оптометрија и очна оптика
- Со или без работно искуство
- Основно познавање на Англиски Јазик
- Почетно познавање на Word, Excel и Outlook
- Комуникативна, одговорна, соработлива и доверлива личност
Понуда:
- Можен почеток: веднаш
- Времетраење на вработување: првично на определено во период од една година, а потоа на неопределено
- Обезбедена обука од страна на компанијата
- Работно време: 40 часа неделно распоредено во 2 смени (прва смена 09:00-15:00 и втора смена 14:00-20:00)
- Годишен одмор:според закон за работни односи
- Почетна нето плата во вредност од 15.000 денари
- Процент од продажба
- Мотивирачка работна атмосфера
Своите биографии испратeте ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате или аплицирајте директно на www.esi.mk .
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »