
Плата од 55.000 ден. до 60.000 ден.
За компанијата:
Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.
повеќе за компанијата »Дали си подготвен/а за кариера во која секој ден открива нови можности и е исполнет со возбуда? Замисли се себеси во динамична улога на Специјалист за корисничка поддршка за еден од нашите клиенти кој е мултинационален ланец на продавници за продажба на електроника каде што секојдневно комуницираш со клиенти на германски јазик и притоа покрај тоа што им помагаш на клиентите со нивните барања, ги подобруваш јазичните познавања и учиш нови работи! Придружи ни се и биди гласот на корисничката поддршка што зборува германски јазик!
Што ти нудиме?
-
Конкурентна плата почнувајќи од 56.924 денари;
-
Можност за работа од канцеларијата во Скопје или работа од дома од самиот почеток;
-
Можност за добивање на договор за вработување;
-
Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;
-
Платена обука: инвестираме во твојот успех;
-
Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;
-
Бонуси за препораки; награда за твојата лојалност;
-
Уживање во различни компаниски настани, тренинзи и обуки наменети за вашиот личен и професионален развој
-
Корпоративни попусти за нашите вработени во различни компании;
-
Проширување на твоите знаења; со нашата компаниска платформа стекни нови вештини
-
Кариерен развој; патеката на твојот напредок исцртај заедно со нас;
-
Глобално искуство; бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!
Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка на германски јазик!
Твојот ден ќе биде комбинација од:
-
Секојдневна употреба на германскиот јазик и комуникација со клиенти преку различни комуникациски канали;
-
Комуникација со клиенти преку телефон, емаил и четови во врска со барањата на клиентите;
-
Подобрување на корисничкото искуство: давај насоки и споделувај информации и совети;
-
Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените решенија;
-
Ќе имаш целосна поддршка од својот Тим лидер како и од останатите членови на тимот;
Што бараме?
-
Германски гуру: задолжително познавање на германскиот јазик (усна и писмена комуникација);
-
Основни познавања од работа на компјутер;
-
Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;
-
Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;
-
Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;
-
Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел;
-
Претходно работно искуство во областа на кориснича поддршка се смета за предност но не е задолжителна;
Како изгледа животот во Transcom?
Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.
Слични огласи »