
За компанијата: Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека.
повеќе за компанијата »СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје компанија која се занимава со промоција и продажба на препарати од повеќе реномирани фармацевтски производители
објавува конкурс за слободно работно место :
КОМЕРЦИЈАЛЕН СОРАБОТНИК
повеке извршители
Потребни квалификации:
- Високо или Вишо образование. Предност даваме на кандидати со завршен фармацевтски, медицински, стоматолошки или ветеринарен факултет
- Знаење на англиски јазик
- Познавање на MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија
- Работно искуство не е предуслов
Од кандидатот очекуваме да:
- Посетува аптеки и врши стручна презентација, промоција и продажба на препаратите
- Ја спроведува зададената маркетинг стратегија и планираните промотивни активности со цел остварување на продажните цели
- Учествува во организација и припрема на стручни собири (конгреси и симпозиуми ) и ги реализира доделените активности на овие стручни собири
- Учествува во обуките и континуирано стручно го усовршува знаењето и продажните вештини
- Одговорен за унапредување на продажбата на препаратите на теренот за кој ке биде назначен
- Одговорен за исполнување на планот на продажба на препаратите во рамка на планот за кој е задолжен
Персонални карактеристики:
- Комуникативност и тимска работа
- Одговорност и прецизност
- Енергичност и ефикасност
- Самостојност и завршување на задачите во рок
- Посветеност и подготвеност за справување со предизвици
Ние нудиме:
- Работа во позитивно, динамично и стимулативно опкружување, стручна обука, добри услови за работа и можност да во потполност дојдат до израз вашите професионални способности .
Доколку ги исполнувате наведените услови од конкурсот, Ве повикуваме да ја испратите својата биографија и препорака најдоцна до 15.01.2020, на e-mail:
[најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор.
Останати огласи »