
За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.
повеќе за компанијата »Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:
Асистент на извршен директор
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон исполнување на обврски, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во комуникацијата со сите колеги
Позицијата вклучува:
- Обезбедување на конзистентност и одговорност при извршување и исполнување на зададените обврски, задачи или проекти во рамки на управувачката структура на компанијата;
- Остварување контакти помеѓу извршниот директор, вработените, клиентите и други надворешни партнери;
- Вршење истражување и спроведување на податоци за подготовка на документи или понуди и слично за презентација и одобрување, доколку е потребно;
- Менаџирање во целост сите состаноци, присуствува, води забелешки и изготвува записник од истите.;
- Во целост презема одговорност врз агендата и календарот;
- Координација и поддршка при изработка на месечни извештаи кон Групација;
- Менаџира настани надвор од канцеларијата и врши подготовка на планот на активности (аранжмани за патување, сместување, друго.);
- Управува со протокот на информации во менаџментот на компанијата на навремен и прецизен начин;
- Информира за запазување на рокови, информации поврзани со внатрешна и надворешна комуникација – белешки, е -пошта, извештаи и друго;
- Извршува и други работни задачи како што е управување со административната работа и/или потпишување на документи;
- Репортира директно пред извршниот директор на компанијата.
Профил на кандидат:
- Докажано раководно искуство како извршен асистент или друго релевантно искуство во административната поддршка;
- Високо ниво на познавање на Англиски јазик (пишување и комуникација);
- Способност за работа со напредни компјутерски апликации (Microsoft package, Outlook is a must, Project management tools, other);
- Способност за организирање на обврските според приоритетност и исполнување рокови;
- Проактивен пристап кон решавање на проблеми со силни вештини за донесување одлуки;
- Способност за носење одлуки во кратка временска рамка;
- Професионално ниво вербални и писмени комуникациски вештини.
Услови од компанијата:
- Современа и најнова технологија
- Можност за напредување
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
- Високо квалитетен компаниски лаптоп за професионална употреба
- Велнес програми, попусти и други бенефции
- Приватно здравствено осигурување
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски или англиски јазик преку полето Аплицирај.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО Фајнанс, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје
Слични огласи »