ТАВ Аеродроми, еден од водечките светски аеродромски оператори, управува со аеродромите Ататурк во Истанбул, Есенбога во Анкара, Аднан Мендерес во Измир, Милас во Бодрум, Газипаша во Аланија во Турција, Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфидха-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија и Загреб во Хрватска. Холдингот исто така дава услуги преку свои подружници во други сфери на аеродромските операции вклучувајќи бесцарински продавници, угостителство, прифат и отпрема на воздухоплови, ИТ, безбедност и оператива. Заедно со своите подружници, компанијата услужи повеќе од 102 милиони патници во 2015 година на 780.000 летови преку своите 50.000 вработени.
ТАВ Македонија, Аеродромот ‘Александар Велики’ – Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата:
ЛЕКАР
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Подготвеност за адекватно реагирање во случај на “Emergency” ситуации со примена на следните принципи:
- укажување на итна медицинска помош
- основно оддржување на животот
- напреднато оддржување на живот
- формирање на тријажна зона
- тријажа според степенот на повредите во четири реда на итност
- соодветно означување на повредените при тријажата
- формира транспортни екипи и одредува соодветен начин на транспорт
- координација на сите активности до пристигање на медицински и други служби од градот на помош
- Учествува во превенција и контрола на карантински заболувања
- Организира транспорт на акутно заболени лица, MEDA и стречери, како и на хендикепирани лица од категоријата WCHC, WCHS и WCHR, но само доколку нивната хендикепираност е резултат на акутно заболување или повреда која побарува медицинска помош и по потреба упатува заболени лица до соодветни здравствени установи
- Врши теоретска и практична едукација на вработените од областа на првата медицинска помош
- Секојдневни работни активности:
- ја следи состојбата на потрошените лекови и санитетски материјал и навремена замена со нови
- следење на боледувањата на вработените
- води редовна и уредна документација
- дава мислење и учествува во интерна комисја за одредување на работна способност, за префрлување на друго работно место и учествува во изработка на програма за заштита при работа при што дава и сугестии за набавка и употреба на соодветни заштитини средства
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЛИЦЕНЦИ:
- Универзитетско Образование (VII степен) Медицински факултет
- Основна и Работна лиценца од ЛКМ (Лекарска Комора на Македонија)
- СБО и АЕД
- Најмалку 4 години работно искуство како доктор
ВЕШТИНИ:
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!
спонзорирана објава