
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Полиестердеј има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција – Административен асистент.
Потребни квалификации:
- Образование: ССС / ВСС;
- Солидно познавање на Microsoft Office програмите;
- Основни вештини за административно и сметководствено работење;
- Организациски и комуникациски вештини и способности;
- Подготвеност за самостојна работа и работа во тим;
- Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
Работни задачи и одговорности:
- Примање, проследување и евиденција на влезни фактури и водење деловодна книга;
- Да реализира навремено плаќање на излезни фактури;
- Изготвување на денарски фактури;
- Комуникација со клиенти по потреба;
- Водење евиденција на патни налози.
Што нудиме:
- Постојана поддршка и помош од вработените во Полиестердеј во периодот потребен за адаптација;
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа;
- Можност за учење и стекнување нови вештини;
- Работно време од 08:00 до 16:00 часот;
- Колективно осигурување во случај на незгода;
- Навремена исплата на плата, додатоци на плата и К-15.
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција Административен асистент”.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »