
За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »За вработување кај наш реномиран клиент кој се занимава со производство на катализатори за автомобилска индустрија потребни се:
Оператори за хемиски премази (Скопје, Велес, Куманово)
ЗАДАЧИ:
- Правење на смеси за катализатори;
- Дозирање на смеси за катализатори;
- Следење на процедурите за безбедност при работа;
БАРАМЕ:
- ССС;
- Работно искуство во производствена или средина со хемиски процеси ќе се смета за предност;
- Основно познавање на работа со компјутер;
- Задолжително следење на правилата и процедурите за работа;
- Носење на задолжителна заштитна опрема;
- Следење на процедурите за безбедност и здравје при работа;
- Сменско работење (во три смени);
НУДИМЕ:
- Солидна плата со надоместоци над законски предвидените износи;
- Обезбедена храна и превоз од Скопје, Куманово и Велес;
- Колективно осигурување од незгода 24/7;
- Приватно здравствено осигурување;
- Попусти и бенефиции во мрежата на трговци соработници;
- SportMaster членство;
- Исплата на бонуси (исполнети таргети) и систем на признанија (Say Thanks program);
- Можности за посета на обуки и личен професионален развој
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Останати огласи »