За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »За вработување кај наш реномиран клиент кој се занимава со изработка на проекти за осветлување и електротехнички проекти, увоз и продажба на опрема за осветлување и управување со осветлувањето, бараме:
Проектант – Електро инженер (реон Скопје)
ЗАДАЧИ:
- Изработува проекти за осветлување и управување на осветлувањето
- Изработува електротехнички проекти и проекти на изведена ситуација
- Изработува спецификации за продажба на светлосна опрема и опрема за управување на осветлувањето
- Извршува програмирање на управувањето на светлосната опрема во објекти каде е испорачана опремата
- Комуницира со сите домашни и странски добавивачи од аспект на техничките прашања
- Комуницира со потенцијални и редовни клиенти од аспект на техничките прашања
- Ги следи залихите на светлосна опрема и опрема за управување и по потреба врши испорака на опремата до објект на инвеститорот
- Ги следи сите законски регулативи и промени на истите од областа на своите одговорности
- Ги следи сите технички новости во областа на изработка на електротехнички проекти
- Ги следи сите современи трендови од областа на осветлувањето и управувањето на истото
- Посетува семинари и саеми од областа
БАРАМЕ:
- Работно искуство, пожелно, но не е задолжително
- Завршен електротехнички факултет
- Одговорност, исполнителност, самоиницијативност, аналитичност, комуникативност, тимски играч
- Познавања од областа на изработка електротехнички проекти
- Афинитет кон програмирање (фирмата обезбедува обука во областа на програмирање на управување на осветлувањето)
- Пожелно но, не и задолжително основно познавање на компјутерски мрежи
- Течно говорење на англиски јазик
- Познавање на германски јазик, но не е задолжително
- Одлично познавање на Word, Excel, познавање на Outlook
- Одлично познавање на AutoCAD и DIALux
- Поседување на возачка со Б категорија
ПОНУДА:
- Можен почеток - веднаш
- 6 месеци обука и пробна работа
- Договор на неопределено работно време
- Работно време од 09:00 до 17:00
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.m
Слични огласи »