Цермат ДОО има потреба од квалитетна и високомотивирана личност, пријателски насочена, која ќе биде посветена и брза во извршувањето на работните задачи.
Должности и одговорности:
-одговарање на телефонски повици, пренасочување до соодветните лица,
-запишување белешки, одржување на датотеки, организација на документи, прием на фактури и нивно архивирање,
-помош при планирање настани, состаноци, ручеци и активности на работните тимови,
-прием и средување на пошта,
-организирање на конференциска салата - прием и послужување на гости со топли напитоци (кафе, чај и сл.).
Потребни квалификации:
-минимум ССС (факултет ќе се смета за предност),
-компјутерски вештини,
-задолжително познавање на англиски јазик (останати странски јазици ќе се сметаат за предност),
-основни математички вештини.
Заинтересираните кандидати да достават лична биографија - CV со слика - со задолжителна назнака - За административен асистент - на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 30.11.2025.