По изборите, канцеларката Ангела Меркел не завршува со своите обврски, сепак таа ќе остане до формирање на новата влада.

За време на нејзината посета во Вашингтон во месец јули, канцеларката беше прашана како го замислува своето пензионирање. Иако претходно ова прашање избегнуваше да го одговори, овој пат даде до знаење дека прво ќе се одмори и нема да прифати никакви понуди.
Иако Меркел ужива да прави супа од компир и да пече колач од сливи, кои се типични јадења за Германија во текот на есенските денови, сепак многумина мислат дека без нејзиниот преполн распоред брзо ќе и биде здодевно.
По завршување на нејзината функција канцеларката нема да има никакви финански грижи. Со нејзината функција како канцелар таа заработува €25.000 месечно, дополнително €10.000 за нејзината улога како член на Бундестагот, работа што ја работи повеќе од 30 години. Откако ќе престане да работи во првите три месеци ќе ја прима целата плата, а потоа надоместок половина од нејзината плата за максимум 21 месец.
Меркел има различни права од нејзината работа како канцелар, владин министер и пратеник во Бундестагот. Како резултат на тоа, таа може да смета на пензија од околу €15.000 месечно и се квалификува да има службен автомобил и личен возач до крајот на животот. Исто така, има право и на канцеларија во Бундестагот во Берлин вклучувајќи менаџмент на канцеларијата, двајца советници и секретарка.