Промовирани огласи »

ЕУ веќе не гарантира членство на балканските држави

ЕУ веќе не сака да им гарантира членство на земјите од Западен Балкан, покажува документ до кој дојде Ројтерс

Европската Унија веќе не може да ги даде истите гаранции за идното членство на шесте балкански држави на кои некогаш им беше ветено место во Унијата, објавува Ројтерс врз основа на изјава од четворица дипломати и интерен документ.

На ЕУ самитот за Балканот закажан за 6-ти октомври, ЕУ планираше повторно да ги истакне своите ветувања од пред 18 години дека дава „недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан“. Ова беше намерата според драфт декларацијата за самитот од 11 септември што ја објави Ројтерс.

Оваа декларација минала најмалку две рунди на преговори во ЕУ во кои не е постигната согласност околу истата.

Иако членките ги немаат искажано своите позиции, стравот на богатите држави од северот како Данска, Франција и Холандија е дека на Унијата со Балканот ќе и се повтори избрзаниот прием на Романија и Бугарија од 2007, и лошо менаџираната миграција на источноевропски работници во Британија, кои тие веруваат дека свртеле голем број Британци против ЕУ.

Ројтерс пишува дека згора на стравот на богатите од Балкан, Македонија има дополнителен проблем што Бугарија се против нашиот прием.

Промовирани огласи »

Што ќе прави Ангела Меркел откако ќе се пензионира?

Како ќе ги поминува пензионерските денови?

По изборите, канцеларката Ангела Меркел не завршува со своите обврски, сепак таа ќе остане до формирање на новата влада.

За време на нејзината посета во Вашингтон во месец јули, канцеларката беше прашана како го замислува своето пензионирање. Иако претходно ова прашање избегнуваше да го одговори, овој пат даде до знаење дека прво ќе се одмори и нема да прифати никакви понуди.

Иако Меркел ужива да прави супа од компир и да пече колач од сливи, кои се типични јадења за Германија во текот на есенските денови, сепак многумина мислат дека без нејзиниот преполн распоред брзо ќе и биде здодевно.

По завршување на нејзината функција канцеларката нема да има никакви финански грижи. Со нејзината функција како канцелар таа заработува €25.000 месечно, дополнително €10.000 за нејзината улога како член на Бундестагот, работа што ја работи повеќе од 30 години. Откако ќе престане да работи во првите три месеци ќе ја прима целата плата, а потоа надоместок половина од нејзината плата за максимум 21 месец.

Меркел има различни права од нејзината работа како канцелар, владин министер и пратеник во Бундестагот. Како резултат на тоа, таа може да смета на пензија од околу €15.000 месечно и се квалификува да има службен автомобил и личен возач до крајот на животот. Исто така, има право и на канцеларија во Бундестагот во Берлин вклучувајќи менаџмент на канцеларијата, двајца советници и секретарка.

Промовирани огласи »

Сакал на „обичните луѓе“ да им покаже колку всушност е богат Безос, и тоа со помош на – ориз

Џеф Безос, основачот и генерален директор на компанијата „Amazon“, е еден од најбогатите луѓе на светот

Џеф Безос, основачот и генерален директор на компанијата „Amazon“, е еден од најбогатите луѓе на светот.

Тој исто така е и првата личност во светот чие приватно богатство достигнало трицифрен износ во милијарди. Во овој момент неговото богатство се проценува на 116,7 милијарди американски долари.

Хамфри Јанг се потрудил на „обичните луѓе“ да им претстави колку пари се всушност тоа со помош на ориз.

Тој тргнал од тоа дека едно зрно ориз одговара на износ од 100.000 долари. Потоа изброил 10.000 зрна ориз и дошол до сумата од милијарда долари.

За да илустрира колку всушност е богат Џеф Безос, Јанг морал да набави повеќе пакетчиња ориз.

На интернет пронашол дека Безос располага со приватно богатство од 122 милијарди долари, а тоа е голема количина на зрна ориз, поточно нешто повеќе од 26,3 килограми ориз.

По експериментот, Јанг оризот го дал на неколку семејства. 

Погледнете го видеото: 

Промовирани огласи »

Има уште три дена од пописот: Ќе има ли во Македонија барем 1,8 милиони жители?

Во дијаспората до утрово нема ниту 200.000 иселеници

Државниот завод за статистика претпладнево ги објави новите бројки од пописот на населението.  Според резултатите обработени до 20.00 часот синоќа на 27 септември, се попишале 1.695.549 граѓани. Бројот на домаќинства е 526.605 и 752.916 станови.

Самопопишани граѓани од дијаспората до денеска наутро во 7.30 часот има попишани 199.819 иселеници.

Официјално до вчера, односно еден ден претходно, во статистиката влегоа вкупно 1.619.857 лица, а од дијаспората тој број изнесува 198.589 граѓани.

Пописот ќе трае уште денес, утре и задутре, односно ќе заврши на 30 септември.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »