Промовирани огласи »

Што ќе прави Ангела Меркел откако ќе се пензионира?

Како ќе ги поминува пензионерските денови?

По изборите, канцеларката Ангела Меркел не завршува со своите обврски, сепак таа ќе остане до формирање на новата влада.

За време на нејзината посета во Вашингтон во месец јули, канцеларката беше прашана како го замислува своето пензионирање. Иако претходно ова прашање избегнуваше да го одговори, овој пат даде до знаење дека прво ќе се одмори и нема да прифати никакви понуди.

Иако Меркел ужива да прави супа од компир и да пече колач од сливи, кои се типични јадења за Германија во текот на есенските денови, сепак многумина мислат дека без нејзиниот преполн распоред брзо ќе и биде здодевно.

По завршување на нејзината функција канцеларката нема да има никакви финански грижи. Со нејзината функција како канцелар таа заработува €25.000 месечно, дополнително €10.000 за нејзината улога како член на Бундестагот, работа што ја работи повеќе од 30 години. Откако ќе престане да работи во првите три месеци ќе ја прима целата плата, а потоа надоместок половина од нејзината плата за максимум 21 месец.

Меркел има различни права од нејзината работа како канцелар, владин министер и пратеник во Бундестагот. Како резултат на тоа, таа може да смета на пензија од околу €15.000 месечно и се квалификува да има службен автомобил и личен возач до крајот на животот. Исто така, има право и на канцеларија во Бундестагот во Берлин вклучувајќи менаџмент на канцеларијата, двајца советници и секретарка.

Промовирани огласи »

Сакал на „обичните луѓе“ да им покаже колку всушност е богат Безос, и тоа со помош на – ориз

Џеф Безос, основачот и генерален директор на компанијата „Amazon“, е еден од најбогатите луѓе на светот

Џеф Безос, основачот и генерален директор на компанијата „Amazon“, е еден од најбогатите луѓе на светот.

Тој исто така е и првата личност во светот чие приватно богатство достигнало трицифрен износ во милијарди. Во овој момент неговото богатство се проценува на 116,7 милијарди американски долари.

Хамфри Јанг се потрудил на „обичните луѓе“ да им претстави колку пари се всушност тоа со помош на ориз.

Тој тргнал од тоа дека едно зрно ориз одговара на износ од 100.000 долари. Потоа изброил 10.000 зрна ориз и дошол до сумата од милијарда долари.

За да илустрира колку всушност е богат Џеф Безос, Јанг морал да набави повеќе пакетчиња ориз.

На интернет пронашол дека Безос располага со приватно богатство од 122 милијарди долари, а тоа е голема количина на зрна ориз, поточно нешто повеќе од 26,3 килограми ориз.

По експериментот, Јанг оризот го дал на неколку семејства. 

Погледнете го видеото: 

Промовирани огласи »

Има уште три дена од пописот: Ќе има ли во Македонија барем 1,8 милиони жители?

Во дијаспората до утрово нема ниту 200.000 иселеници

Државниот завод за статистика претпладнево ги објави новите бројки од пописот на населението.  Според резултатите обработени до 20.00 часот синоќа на 27 септември, се попишале 1.695.549 граѓани. Бројот на домаќинства е 526.605 и 752.916 станови.

Самопопишани граѓани од дијаспората до денеска наутро во 7.30 часот има попишани 199.819 иселеници.

Официјално до вчера, односно еден ден претходно, во статистиката влегоа вкупно 1.619.857 лица, а од дијаспората тој број изнесува 198.589 граѓани.

Пописот ќе трае уште денес, утре и задутре, односно ќе заврши на 30 септември.

Промовирани огласи »

БИТИЌИ УВЕРУВА: Не е точно дека струјата ќе поскапи после локалните избори

Вели дека цената е одредена во јуни и таква ќе остане до јуни годинава

Заменикот на претседателот на владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“, посочи дека изјавата дека електричната енергија ќе поскапи по локалните избори, е потполно неточна изјава, со оглед на тоа дека цената се регулира од Регулаторната комисија за енeргетика еднаш во годината, а веќе таа цена е донесена во јуни 2021 година.

Сега ги гледаме предностите на либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Кога имаме либерализиран пазар, се зголемува конкуренцијата, но и се презема ризик за евентуални движења на глобално ниво. Тоа сега се случува во овој момент. Сите оператори кои влегоа во овој енергетски пазар, за дистрибуција на електрична енергија до одредени потрошувачи, знаеја дека преземаат ризик во либерализираниот пазар. Во одреден период купуваат електрична енергија со пониска цена и ја продаваат за повисока, со маржа за добивка, но во друг момент цената може да порасне толку, па да се појави загуба. Тоа се пазарните движења. Лоша е изјавата, кој и да ја кажал, дека по одржувањето на изборите ќе има покачување на цената на електричната енергија, нагласи вицепремиерот.

Битиќи посочи дека Владата, во согласност со преземените меѓународни обврски и во насока на зачувувањето на здравјето на граѓаните, влезе во процес на транзиција на производството на електрична енергија од конвенционални извори кои загадуваат - кон производство на електрична енергија од обновливи извори, а каде како транзиционо гориво ќе се користи и природниот гас.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »