Промовирани огласи »

Кои се вашите права доколку работите прекувремено?

За вршењето на прекувремената работа на работникот му следува надоместок.

Прекувремена работа е секоја работа што се извршува над утврденото полно работно време.

Согласно Законот за работни односи, работодавачот може да побара од работникот да работи прекувремено кога постои значително зголемување на обемот на работа, кога е потребно продолжување на деловниот или производниот процес, кога треба итно да се отстранат дефекти на средствата за работа што би можеле да предизвикаат прекин, кога е неопходно да се обезбеди безбедноста на луѓето, имотот и сообраќајот, како и во други случаи предвидени со закон или колективен договор.

Прекувремената работа може да изнесува најмногу осум часа неделно и најмногу 190 часа годишно, освен кај работи кои поради специфичниот процес не можат да се прекинат или не постојат услови за организирање на работа во смени. Во период од три месеци, просекот на прекувремена работа не смее да надмине осум часа неделно.

За работниците во Министерството за внатрешни работи кои вршат специфични задачи согласно посебен закон, прекувремената работа може да надмине 190 часа годишно, но само за итни и неодложни работи и со претходна писмена согласност на работникот. Работникот кој работел повеќе од 150 часа над полното работно време и не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината кај ист работодавач, има право, покрај додатокот на плата, и на бонус во висина на една просечна плата во државата.

Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремените часови, да ги прикаже во месечната пресметка на платата и за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести надлежниот инспектор на трудот.

За прекувремена работа, работникот има право на додаток на основната плата, кој изнесува најмалку:

– 35% за прекувремена работа,
– 35% за ноќна работа,
– 5% за работа во три смени,
– 50% за работа во ден на неделен одмор.

За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што би ја примил доколку не работи, како и дополнителна исплата зголемена за 50% за часовите поминати на работа.

Додатоците на плата не се исклучуваат меѓусебно, а правото на додаток за работа во три смени се остварува само за ефективно поминатото работно време во смени.

Тагови: закон прекувремено работнички права

Промовирани огласи »

Поскап јавен и такси превоз во Скопје? Синдикатите најавија повисоки цени ако се зголеми минималецот

Зголемување на цената на автобуската карта или Скопје ќе остане со редуциран јавен превоз. Ќе поскапи и такси превозот!

Приватните превозници од Скопје велат дека доколку дојде до зголемување на минималната плата, како што бараат работниците, тоа може да повлече зголемување на автобуската карта или да ги прекинат договорите, па така Скопје ќе остане со редуциран јавен превоз. Растот на минималецот ќе донесе и повисоки цени на такси услугите. 

Сите засегнати страни разумно да пристапат за решение за зголемување на минималната плата, кое за износот од 200 евра што се бара може да се реализира единствено со субвенционирање од државата. Во спротивно ќе резултира со минимално или работење со загуби, велат од Синдикатот на приватни автобуси превозници на град Скопје.

Изразуваме голема загриженост во однос на барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на минималната плата од 200 евра. Ние сме микро фирми со еден до двајца вработени и во изминатиот период имавме низа проблеми со исплатата на надоместоците што требаше да ни ги плаќаат во град Скопје, особено во времето на градоначалничката Данела Арсовска со која до ден денеска имаме судски спор поради нејзините одлуки за неисплата на дел од долгот. Во насока на тоа бевме принудени да земеме кредити за да можеме да ги сервисираме нашите обврски кон граѓаните на град Скопје. Во случај на покачување на минималната плата од 50 проценти би дошле во ситуација во која повеќе нема да можеме да возиме и ќе бидеме принудени да ги откажеме договорите затоа што работењето ќе биде сведено на минимум или со загуба. Затоа ги повикувам сите засегнати страни разумно да пристапат кон овој проблем за кој и ние самите сме свесни - изјави за МИА Кемал Муриќ, претседател на Синдикатот на приватни автобуски превозници на град Скопје.

Ваквото изнудено решение, дополнува Муриќ, ќе придонесе или за зголемување на автобуската карта или пак да ги откажуваме договорите.

Но, и во двата случаја нема да бидеме оштетени само ние со оставањето на голем број семејства без приходи во кој граѓаните на Скопје ќе останат без превоз или пак ќе биде покачена цената на билетот за превоз - вели Муриќ.

Во голем број држави во опкружувањето и во Европа, посочува тој, има пракса државата да го субвенционира јавниот градски превоз бидејќи во огромен број случаи овој превоз е непрофитабилен доколку нема субвенции.

Така што, апсолутно размислуваме и делуваме во таа насока да се обидеме да издејствуваме одредени субвенции од државата - изјави претседателот на Синдикатот на приватни автобуски превозници на град Скопје, кој застапува барање на околу 200 превозници.

И од Синдикатот на автотакси превозници на град Скопје велат дека зголемување на платите може да се случи само со поддршка и оти финансирањето на повисоките плати од страна на превозниците ќе ја зголеми цената на услугата.

Синдикатот на автотакси превозници се состои од членови кои се самофинансираат односно сами си ги плаќаат придонесите и платата, така што со секое зголемување на платата се зголемуваат и придонесите. Значи треба да се издвојат повеќе пари, а со тоа се намалува и заработката. За да се покријат тие трошоци би требало да се зголеми и цената на такси превозот, но со зголемување на цената би се намалил и бројот на патници. Едвај кубуриме да ги покриеме и сегашните придонеси, изјави за МИА Ѓорѓи Мариновски, претседател на синдикат на такси превозници на град Скопје.

Решение, дополнува, гледаме единствено во субвенционирање односно ако се зголеми минамалната плата државата да ги финансира тие средства.

Да речеме, тоа би било износ од плус 3.000 денари и тогаш би можело да се покрие, а вака целиот товар ќе биде на таксистите затоа што не сме во ставка како фризерите и останатите занаетчии кои имаат поволности - изјави Мариновски, претседател на Синдикатот на автотакси превозници на град Скопје, кој обединува 18 фирми со 1.500 члена. 

Тагови: автобус минимална плата Скопје такси

Промовирани огласи »

Од средината на оваа година, сите нови автомобили во Европската Унија ќе мора да имаат инсталирано ново задолжително стоп-светло , кое јасно укажува на опасност во одредени ситуации. Целта на оваа мерка е што е можно порано да се предупредат другите учесници во сообраќајот и со тоа да се намали ризикот од судир со возило кое нагло закочува.

Според Регулативата на ЕУ за општа безбедност на возилата , од 7 јули оваа година е воведена обврска за инсталирање на сигнал за неопходно запирање . Овој систем вклучува трепкачко стоп-светло за време на нагло сопирање , како и автоматско вклучување на трепкачите по нагло запирање на возилото. Сигналот автоматски се активира при брзини над 50 километри на час .

Од тој датум , возилата без овој систем повеќе нема да можат да добијат хомологација во ЕУ . Како што неодамна објави Хрватскиот автоклуб (ХАК) , сегашната практика, според која задните стоп-светла се вклучуваат секој пат кога сопирате, ќе биде променета со новите правила. Во случај на силно забавување , најчесто при брзини над 50 км/ч, се активира таканареченото адаптивно светло за итни сопирачки , објавува „Јутарњи“.

Во овие ситуации, стоп-светлата трепкаат неколку пати во секунда , јасно сигнализирајќи ја опасноста за возилата што доаѓаат зад вас. Ако возилото целосно застане по силно забавување, предупредувачките светла за опасност автоматски се вклучуваат , додека стоп-светлото останува вклучено .

Како оваа промена се однесува на земјите од Балканот

Иако поголемиот дел од земјите од Балканот не се членки на Европската Унија, оваа промена индиректно ќе има големо влијание врз домашниот пазар. Сите нови автомобили произведени за пазарот на ЕУ , кои потоа се увезуваат и продаваат во овие земји, веќе ќе го имаат инсталирано овој систем. Ова значи дека новите модели во практично автоматски ќе доаѓаат со адаптивно стоп-светло , без оглед на фактот дека домашните прописи сè уште не наметнуваат таква обврска.

Тагови: Балкан ЕУ Хрватска возил

Промовирани огласи »

МВР ги објави висините на глобите за „Сејф Сити“ - Во рок од осум дена плаќате половина

МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.

Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)

• до 10 km/h над дозволеното – 15 €

• од 10 до 30 km/h – 50 €

• од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци

Пречекорување на брзина надвор од населено место (130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта)

• до 30 km/h над дозволеното – 20 €

• од 30 до 50 km/h – 50 €

• од 50 до 70 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци

Поминување на црвено светло

• 250 € глоба/забрана за управување 3–12 месеци

Непрописно запирање и паркирање (пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)

• глоби од 25 €, 40 €, 150 € и 180 € (во зависност од видот и тежината на прекршокот)

Учество во сообраќај со нерегистрирано возило (без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)

• 500 € глоба

• ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена – 100 €

Намалување на санкциите 

Плаќање во рок од 8 дена → се плаќа 50% од глобата

Ако има и забрана за управување → се изрекува во половина од пропишаниот рок

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, за поголема лична и општа безбедност и намалување на сообраќајните незгоди.

Тагови: казни Министерство за внатрешни работи (МВР) Сејф сити - Безбеден град

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »