За да ги олесни финансиските потешкотии на своите граѓани, Австрија планира значително да ги зголеми детските додатоци и субвенциите за греење во 2025 година. Според австриските медиуми, висината на новите мерки може да достигне и до 1.500 евра, што се очекува да биде значаен поттик за многу семејства.
Работниците можат да очекуваат надоместоци за патување до 1.200 евра, додека во Виена граѓаните добиваат бонус за струја од 100 евра. Во голем број провинции, субвенциите за трошоците за греење ќе достигнат до 350 евра, а дополнителна помош за домаќинствата со ниски примања ќе биде достапна до 400 евра.
Австрија ќе обезбеди и други бенефити, како што се бонус за занаетчии до 1.500 евра и бонус за поправка до 200 евра. Даночното усогласување во 2024 година ќе им донесе на многу работници поврат до 1.000 евра. Овие мерки, пишуваат австриските медиуми, се целат на ублажување на растот на трошоците за живот и обезбедување помош за различни групи на население.
Тагови: Австрија детски додаток