Промовирани огласи »

„Сообраќајот е под видео надзор“ започна поставување табли низ Скопје

Табли за видео надзор никнуваат низ Скопје

Низ булеварите во Скопје веќе почнаа да се поставуваат информативни табли со кои се известува дека сообраќајот е под видео надзор, како дел од имплементацијата на системот „Сејф сити“, кој треба целосно да профункционира од 1 февруари.

За правосилно стапување во сила на казнувањето преку камерите, неопходни се измени на Законот за прекршоци, за кои е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Токму овој закон се очекува да биде првиот конкретен резултат од позитивната атмосфера по одржаната лидерска средба.

На вчерашната координација на пратеничките групи била постигната согласност ДУИ да ги поддржи измените во Законот за прекршоци, со што се отвора патот камерите на сообраќајниците да почнат со правосилна примена од 1 февруари. Изгласувањето на законските измени, според најавите, најверојатно ќе се случи во текот на следната недела.

Паралелно со ова, денеска во Собранието, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на својата 51. седница ќе одржи јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Со предложените измени, како што се наведува, ќе се отстранат воочените слабости во постојните законски решенија, особено во делот на заострување на казнената политика со цел повторно зајакнување на нејзината превентивна и репресивна функција.

Во образложението се наведува дека измените се изработени врз основа на компаративна анализа подготвена во Собранието, како и во согласност со забелешките од Извештајот на Европската комисија за 2023 година, со цел зајакнување на борбата против високата корупција.

Предлог-законот предвидува и воведување ново кривично дело – „злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално-експлицитна содржина“, со што како примарен објект на заштита се поставува приватноста на граѓаните.

Дополнително, со измените се проширува примената на проширената конфискација, се врши усогласување со Истанбулската конвенција, особено во делот на родово-базираното и семејното насилство, како и се воведуваат нови облици кај кривичното дело „трговија со дете“, со цел поефикасна борба против злоупотребата и питачењето.

Во пакетот измени се опфатени и кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето предмети, кои се директно поврзани со имплементацијата на проектот „Сејф сити“.

Тагови: казни Сејф сити - Безбеден град Скопје

Промовирани огласи »

Вработување во Студио Модерна, B Watch 1920 и Нептун!

Огласи за работа во Студио Модерна, B Watch 1920 и Нептун!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Грант Торнтон Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на Грант Торнтон Интернационал составена од независни ревизорски, даночни и советодавни фирми, со преку 73.000 луѓе во над 149 земји во светот. Ние сме тим од независни професионалци кои го ставаат квалитетот, инклузијата и интегритетот на прво место.

Моментално вработува:

ПЛАТЕНА ПРАКСА ВО СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ
СМЕТКОВОДИТЕЛ

Студио Модерна Дооел Скопје е дел од водечката мулти-канална компанија Studio Moderna, која повеќе од 25 години успешно работи на македонскиот пазар како продажна и маркетинг компанија во малопродажба. Присутна е преку мрежа од 20+ продажни локации, дигитална платформа и Call Center каде што обезбедува одлично корисничко искуство за купувачите.

Моментално вработува:

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИНЏИР НА НАБАВКИ
ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАНТ (БЕЗ ЛИЦЕНЦА)

КОНСУЛТАНТ ЗА СВЕЖИ И ЗАМРЗНАТИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ

МАСТЕР ДАТА СПЕЦИЈАЛИСТ ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ

B Watch 1920 е македонска компанија со долга традиција во продажба и сервис на часовници и накит. Нуди богата палета од познати светски брендови и професионална услуга преку своите салони низ Македонија.

Моментално вработува:

AСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - СКОПЈЕ

Жито Маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Сите огласи од Жито Маркети можете да ги најдете ТУКА.

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ВО СЕКТОР ЗА ПРОИЗВОДСТВЕН ИНЖЕНЕРИНГ
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОБУКА И РАЗВОЈ
РАКОВОДИТЕЛ НА ЛОГИСТИКА
ПРОДУКТ МЕНАЏЕР
АДМИНИСТРАТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДИ
МЕНАЏЕР ЗА Б2Б ПРОДАЖБА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Кога продуктивноста станува штетна – сигналите што не смеете да ги игнорирате

Постојано сте уморни дури и кога не работите, прочитајте зошто!

Во свет каде што „зафатеноста“ често се смета за мерка за успех, продуктивноста лесно може да премине од здрава навика во тивок непријател. Работите повеќе, постигнувате резултати, но истовремено чувствувате замор, раздразливост и пад на мотивацијата. Тоа не е случајност, тоа се сигнали дека продуктивноста станала штетна.

1. Постојан замор, дури и по одмор

Ако и по викенд или слободен ден се чувствувате исто исцрпено како и претходно, телото и умот ви испраќаат јасна порака. Ова е еден од првите знаци на хроничен стрес и потенцијален burnout.

2. Чувство дека никогаш не правите доволно

Листата со задачи постојано расте, а задоволството од завршената работа исчезнува. Наместо чувство на постигнување, се јавува вина што „можело повеќе“. Овој начин на размислување постепено ја поткопува самодовербата.

3. Работа надвор од работното време станува норма

Одговарање на мејлови доцна навечер, „само уште еден“ документ за време на викенд или проверка на нотификации пред спиење — кога нема јасна граница помеѓу работа и приватен живот, продуктивноста ја губи својата вредност.

4. Пад на концентрацијата и креативноста

Иако поминувате повеќе часови работејќи, резултатите се послаби. Грешките се почести, а новите идеи ретки. Претераната продуктивност го заморува мозокот и ја намалува менталната јасност.

5. Физички симптоми што не треба да се игнорираат

Главоболки, проблеми со спиењето, болки во грбот или стомакот често се директно поврзани со долготраен стрес. Кога телото реагира, тоа е последното предупредување.

6. Раздразливост и емоционална исцрпеност

Мали ситуации предизвикуваат силни реакции, а трпението е минимално. Ова не е карактерна слабост, туку знак дека менталните ресурси се при крај.

Како да ја вратите здравата рамнотежа?

Вистинската продуктивност не значи повеќе часови, туку подобар фокус, јасни приоритети и време за опоравување. Поставете граници, правете паузи без чувство на вина и прифатете дека одморот е дел од успехот не негова спротивност.

Да се биде продуктивен е вредно, но да се биде здрав е неопходно. Најдобрите резултати доаѓаат тогаш кога работата не ве троши, туку ве движи напред.

Прочитајте и за: Грешки што ја уништуваат културата на компанијата и како да ги избегнете

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Кажете збогум на паузите за удобност!

Нов изум за продуктивност: Тоалет што ги брка вработените по 5 минути

Британскиот стартап StandardToilet разви необично и контроверзно решение – WC-седиште накосено под агол од 13 степени, со цел да го ограничи времето кое корисниците го поминуваат седејќи. Ваквиот дизајн создава дополнителен притисок врз нозете, сличен на позиција на чучнување, што го прави седењето непријатно по неколку минути.

Компанијата го промовира овој производ како алатка за бизнисите за зголемување на продуктивноста, тврдејќи дека со тоа ќе се намали користењето на социјалните мрежи за време на паузите во тоалет. Според нивните проценки, ваквиот пристап би можел значително да ги намали изгубените работни часови и да донесе големи заштеди за работодавците.

Сепак, изумот предизвика силни реакции кај јавноста и организациите за работнички права, кои предупредуваат дека ваквите мерки го ставаат профитот пред човечкото достоинство. Дополнително, се посочува дека ваквото решение може да биде проблематично и дискриминирачко за лица со здравствени или физички ограничувања.

Тагови: Британија вработени работнички права StandardToilet

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »