Согласно Законот за работни односи, секој вработен има право на платен годишен одмор во траење од најмалку 20, а најмногу 26 работни дена во текот на една календарска година.
Годишниот одмор може да се користи во два дела. Првиот дел мора да изнесува најмалку 12 работни дена и задолжително да се искористи до крајот на тековната година, додека преостанатиот дел може да се искористи најдоцна до 30 јуни наредната година.
При пресметката на годишниот одмор не се вклучуваат државните празници, саботите и неделите, како и отсуствата поради боледување или други форми на оправдано отсуство од работа.
Лицата кои работат без формален работен однос, како што се непријавените работници или таканаречените „хонорарци“, не се опфатени со Законот за работни односи. Сепак, останува морална обврска на работодавачите кои ги ангажираат да обезбедат фер и еднаков третман во однос на користењето одмор, споредлив со оној на редовно вработените.
Законот предвидува прекршочни санкции за работодавачите кои не им овозможуваат на вработените користење на годишен одмор согласно законските одредби или кои не издаваат писмено решение за одмор, кое претставува доказ при инспекциски надзор.
Во секоја компанија, користењето на годишниот одмор треба да биде организирано според однапред утврден план, а вработениот мора да добие писмен документ за одобрен одмор, потпишан и од работодавачот и од самиот вработен.
Доколку поради работните обврски вработениот е ангажиран за време на државен празник, работодавачот има обврска да исплати соодветна празнична дневниц
Тагови: годишен одмор работнички права