Промовирани огласи »

Тим експерти од Светската здравствена организација денеска влегоа во Вухан, од каде почна да се шири коронавирусот. Целта на нивната посета на овој кинески град е испитување на потеклото на вирусот. Официјален Пекинг ја оспори намерата на СЗО да го испрати својот тим во Вухан, но со многу перипетии, тој тим на експерти сепак доби зелено светло.

Веста за влезот на тимот на СЗО во Вухан ја објави кинеската државна телевизија. Тимот ќе помине околу еден месец во тој град, вклучително и две недели во карантин.

Петр Бен Ембарек, водечки експерт на СЗО за болести на животни кои се шират и на други видови, води тим од 10 независни експерти. Виетнамскиот биолог Хунг Нгуен, кој е дел од тимот, за Ројтерс изјави дека не очекува ограничувања на работата на групата во Кина.

По завршувањето на карантинот, тимот ќе помине две недели испитувајќи луѓе од истражувачки институти, болници и пазари на морски плодови во Вухан, каде се верува дека се појави нов патоген, додаде Хунг.

Промовирани огласи »

Единствено нешто што ќе се случи во однос на рестриктивните мерки е тоа што сигурно на 21 јануари, односно следната недела, кафулињата, рестораните и останатите угостителски објеќти ќе работа до 21 часотр, истакна Министерот за здравство Венко Филипче по неговата посета на Институтот за судска медицина.

Вели дека во моментов во земјава имаме стабилна епидемиолошка слика, и како што рече, се намалува бројот на хоспитализираните пациенти, во моментов нема пациенти на болничко лекување во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести. Ваквата состојба според него овозможува угостителските објекти да може да имаат продолжено работно време од три часа, односно да работат до 21 часот.

Од 21 јануари сигурно е дека угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Тоа е единствената мерка која ќе биде олабавена. Во меѓувреме ќе ја следиме состојбата и согласно тоа можеме да го разгледаме и нивното барање да работат до 23 часот. Но, се останато останува исто. На сила остануваат сите остѕанати мерки, истакна министерот Филипче. 

Промовирани огласи »

Се одземаат возила според новиот прекршочен закон

26 возила биле одземени од страна на полицијата откако стапи во сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот.

26 возила биле одземени од страна на полицијата откако стапи во сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот. Станува збор  за нерегистрирани, стари возила кои ја нарушуваат безбедноста, но и возила кои испуштале чад и ја загадувале околината.

Со новиот Закон полицијата ваквите возила ќе може да ги задржи максимум до три дена.

-Секое возило кое што создава прекумерна бучава или кое што испушта очигледни издувни гасови што ја загадуваат животната средина може да биде одземено или исклучено од сообраќај и да се утврди преку вештачење кои проблеми ги има тие возило и дали понатаму ќе може да продолжи, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Министерот појаснува дека најважно е што ќе се одземаат нерегистрираните возила кои всушност се и најголема опасност во сообраќајот.

Во последните неколку месеци полицијата спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, па во билтените на МВР често може да се види висок број на пропишани казни. Надлежните велат дека во минатата година за 40 отсто е намален бројот на сообраќајки кои резултирале со смрт. Сепак, мора да се има предвид дека речиси цела година поради пандемијата од Ковид во сила се рестриктивни мерки, а пролетта ограничено беше и движењето низ цела Македонија.

Промовирани огласи »

Дали граѓаните плаќаат скапи патарини?

Ако некој од Штип работи во Скопје за да пристигне на работно место и да се врати дома, според најавените давачки, дневно ќе троши 320 денари за патарини.

Во Македонија има најефтини патарини тврди надлежниот министер и порача дека за побезбедно патување, мора да се плати. По најавта  дека ќе се градат две нови патарини на  автопатот. СкопјеШтип кои ќе чинат 50 и 70 денари, Бочварски им порача на граѓаните ако не можат да платат да возат по алтернативни патишта.

Ако некој од  Штип работи во Скопје за да пристигне на работно место и да се врати дома, според најавените давачки,  дневно ќе троши 320 денари за патарини. Месечно од својата плата ќе издвојува 8000 денари а годишни цели 1500 евра. Доколку пак лицето прима просечна македонска плата, според пресметките половина плата ќе дава за патарини а остатокот за гориво.

Од Макам- транс  здружението на превозници сметаат дека воопшто не се ефтини патарините во Македонија, особено за оние кои се постојано на патиштата. Како здружение уште  од порано предлагале воведување на европски систем на наплата, како што се вињетки.

Странците кои постојано транзитираат низ земјава постојано се жалат на лоши и небезбедни патишта. Од макам транс сметаат дека македонските цени на патарини не се согласно животниот стандард на граѓаните што не е случај во европските земји. Покрај ова, се внимава и на животната средина и оној кој загадува повеќе плаќа поскапо патни давачки.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »