Промовирани огласи »

Дали граѓаните плаќаат скапи патарини?

Ако некој од Штип работи во Скопје за да пристигне на работно место и да се врати дома, според најавените давачки, дневно ќе троши 320 денари за патарини.

Во Македонија има најефтини патарини тврди надлежниот министер и порача дека за побезбедно патување, мора да се плати. По најавта  дека ќе се градат две нови патарини на  автопатот. СкопјеШтип кои ќе чинат 50 и 70 денари, Бочварски им порача на граѓаните ако не можат да платат да возат по алтернативни патишта.

Ако некој од  Штип работи во Скопје за да пристигне на работно место и да се врати дома, според најавените давачки,  дневно ќе троши 320 денари за патарини. Месечно од својата плата ќе издвојува 8000 денари а годишни цели 1500 евра. Доколку пак лицето прима просечна македонска плата, според пресметките половина плата ќе дава за патарини а остатокот за гориво.

Од Макам- транс  здружението на превозници сметаат дека воопшто не се ефтини патарините во Македонија, особено за оние кои се постојано на патиштата. Како здружение уште  од порано предлагале воведување на европски систем на наплата, како што се вињетки.

Странците кои постојано транзитираат низ земјава постојано се жалат на лоши и небезбедни патишта. Од макам транс сметаат дека македонските цени на патарини не се согласно животниот стандард на граѓаните што не е случај во европските земји. Покрај ова, се внимава и на животната средина и оној кој загадува повеќе плаќа поскапо патни давачки.

Промовирани огласи »

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, денеска им порача на граѓаните дека кога ќе се воведат двете нови патарини на автопатот Миладиновци - Штип, доколку им е скапа наплатата, ќе можат да патуваат преку Велес или преку локалните патишта.

Следниот месец почнува изградбата на двете нови патарини на автопатот Скопје Штип. Едната патарина е во Преод, а другата во Кадрифаково. Со изградбата патувањето ќе поскапи за 120 денари затоа што патарината кај Преод ќе чини 50 денари, а кај Кадрифаково 70 денари. Досега од Скопје до Штип се патуваше за 40 денари - сега 160 денари. 

- Цената на патарините законски изнесува 2,57 денари по километар, без разлика дали се работи за еден или друг автопат, патарините се исти, дали кон Гевгелија, Велес или Куманово. Автопатиштата се начин за побрзо и побезбедно движење на граѓаните и за нивно одржување потребно е за тоа да се плати. Граѓаните имаат и втора можност да патуваат преку Велес, или преку регионалните патишта каде нема патарина, рече Бочварски на денешната прес-конференција во министерството давајќи коментар на реакцијата на граѓаните дека цените на наплатните рампи ќе бидат високи.

Според Бочварски, Македонија има релативно ниски цени на чинење на патарините, а за да имаме квалитетна патна инфраструктура , патиштата треба да се одржуваат и сервисираат тековно, што тоа ја чини државата и граѓаните.

Промовирани огласи »

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на ден 01.01.2021 година објавува: Ј А В Е Н О Г Л А С за невработените лица

Сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање. Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

– Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем;

– Рокот на враќање на средствата е 7 години со вклучен грејс период од 1,5 година без оглед на износот на кредитните средства;

– Каматна стапка од 1% на годишно ниво;

– Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари);

– Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.

Барањето за кредит може да се поднесе во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk, како и на FB страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. За сите дополнителни прашања може да се обратите на контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 како и на e-mail: [email protected] и [email protected].

Промовирани огласи »

Ќе има ли имунолошки пасош за патувања?

Ќе се воведе ли здравствен пасош за слободно патување? И дали ќе го имаат само тие кои ќе се вакцинираат од Ковид-19?

Ќе се воведе ли здравствен пасош за слободно патување? И дали ќе го имаат само тие кои ќе се вакцинираат од Ковид-19? Ова се дилемите за кои Европа ќе расправа во наредниот период, откако Грција официјално побара да се воведе вакцинален пасош, со цел да се врати слободното патување во рамки на Унијата.

Дел од епидемиолозите сметаат дека и тие кои прележале Ковид-19 би требало да може безусловно да патуваат надвор од границите, бидејќи имаат можеби и повеќе антитела отколку тие кои ќе се вакцинираат.

За идејата за здравствен пасош лидерите на ЕУ ќе разговараат на 21 јануари. Епидемиологот Пановски смета дека доколку Европа воведе задолжителна вакцинација како услов за слободно да се патува, тоа би се косело со човековите права.

И додека Европа ги заострува правилата за прекугранично патување, регионот ги отвара границите. Од денеска не е потребен негативен ПЦР тест за влез во Црна Гора, а од четврток слободно ќе може да се патува и во Србија. Освен во овие држави, македонските државјани засега безусловно може да патуваат и во Албанија и Косово.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »