Македонијатурист АД Скопје лого

Генерален Менаџер на Хотел Турист Скопје

За компанијата:

Македонијатурист а.д. Скопје е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги во Република Северна Македонија која работи успешно располагајќи со 5 (пет) хотели... повеќе за компанијата »

Македонијатурист АД Скопје има потреба од

Генерален Менаџер на Хотел Турист Скопје

Компанија: Македонијатурист АД Скопје

Локација:  Скопје, Македонија

Тип на ангажман: Полно работно време

ЗА ПОЗИЦИЈАТА

Со цел понатамошен развој и унапредување на хотелските операции, Македонијатурист АД Скопје објавува јавен оглас за избор на Генерален менаџер кој ќе раководи со сите аспекти на работењето на Хотел Турист во Скопје.

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Стратешко управување со хотелот во согласност со бизнис планот и корпоративните цели;
  • Обезбедување на висок квалитет на услуга и задоволство на гостите;
  • Финансиско управување, контрола на трошоци и анализа на профитабилност (P&L);
  • Развивање и имплементација на оперативни стандарди и процедури во согласност стандардите на Групацијата
  • Управување со тим од раководители и персонал, развој на човечки ресурси и организациска култура;
  • Надзор на маркетинг активности, продажба и односи со клиенти и партнери;
  • Почитување на сите законски регулативи и безбедносни стандарди.

КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ

  • Високо образование во областа на туризам, менаџмент или економија;
  • Минимум 5 години искуство во хотелски менаџмент, од кои најмалку 2 години на раководна позиција како Генерален Менаџер или Извршен Директор во 3★/4★/5★ хотел;
  • Одлично познавање на хотелски оперативни системи и аналитички алатки;
  • Активно познавање на англиски јазик (писмено и усно);
  • Изразени лидерски, комуникациски и организациски способности;
  • Висока професионалност, одговорност и ориентираност кон резултати.

ШТО НУДИ МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД СКОПЈЕ

  • Картичка за дневен оброк
  • Бонус систем врз основа на остварените перформанси
  • Програми за обука и професионален развој во рамки на групацијата
  • Попусти во хотелите на Македонијатурист АД Скопје и партнерските брендови
  • Работа во современа и професионална средина, со високи бренд стандарди
  • Можност за директно учество во креирањето на развојните политики на Македонијатурист АД

АПЛИЦИРАЈ:

Испратете Ваша биографија (CV) и мотивационо писмо на е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: Генерален директор на Хотел Турист Скопје

Рок за аплицирање: до 12.12.2025 година

  • Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

ЗА НАС

Македонијатурист АД Скопје е водечка хотелска и туристичка групација во Македонија, со долгогодишна традиција, современ пристап и визија за развој на хотелскиот, конгресниот и туристичкиот сектор во нашата држава. Следиме единствена мисија за да создадеме исклучителни искуства за нашите гости и инспиративна работна средина за нашите вработени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »