Одењето во кафулиња е многу поопасно за заразување со коронавирусот од јавниот превоз, тврдат француски научници. Оваа информација ја објави француската новинска агенција АФП.

Резултатите од истражувањето се објавени во време кога Европа и САД се справуваат со големиот број заболени од ковид-19 на почетокот на сезоната на празниците.
Научници од францускиот институт Пастер испитале по кои фактори, како професија, начин на транспорт, места што ги посетувале, се разликуваат луѓето кои се заразиле со коронавирус од оние кои не се заразиле.
„Забележавме дека зголемениот ризик е поврзан со одење во барови и ресторани“, вели авторот на истражувањето Арно Фонтанет, епидемиолог и член на научниот совет што ја советува владата.
Истражувањето е направено во октомври и ноември во период на ограничување на движењето, а потоа и за време на построгите мерки на ограничување во кои многу локали биле делумно или целосно затворени.
Франција е на 5-то место во светот по бројот на заразени, а од вирусот досега починаа скоро 60.000 луѓе.