
За компанијата: Формиран во далечната 1990 година како акционерско друштво со целосно македонски капитал, Неоком е една од водечките бизнис ИТ компании.
Низ годините се оформи како пример и за останатите ИТ компании...
повеќе за компанијата »Согласно потребите за проширување на компанијата, Неоком како лидер на македонскиот пазар за напредни ИКТ решенија има отворени позиции за:
Работна позиција: Систем Инженер за мрежи и безбедност во Систем Интеграција
Работни обврски:
- Имплементација на мрежни решенија од производителите Cisco, HPE и Sophos
- Имплементација на безбедносни решенија од производителите Cisco, CheckPoint, PaloAlto Networks и Sophos
- Изготвување на предлог решенија, presales активности со корисниците и поддршка на продажниот тим
- Изготвување на технички документации за имплементираните решенија
- Континуирана официјална едукација од производителите на опремата и решенијата
- Давање на предлози за унапредување на тековната работа и портфолио на услуги и решенија
Потребни квалификации:
- Стекнато високо образование од факултетите ФЕИТ, ФИНКИ или сродни
- Активно познавање на Англиски јазик (говорен и пишан)
- Активен возач со возачка дозвола “Б” категорија
- Работа со Microsoft Office и Office 365 пакетите
- Подготвеност за постојано професионално усовршување
- Предност имаат кандидатите со искуство и активни сертификати според потребите за работната позиција
Нудиме:
- Динамичка средина исполнета со континуирано професионално усовршување преку сертифицирани обуки од самите производители на опрема и решенија
- Посета на светски меѓународни конференции за професионално усовршување и претставување на компанијата
- Тимска работа и колегијалност
- Здрава работна атмосфера и бенефиции
Доколку сметате дека се квалификувате за бараната работна позиција, испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои се квалификуваат за потесен избор ќе бидат контактирани. Огласот трае до 29.12.2020-та година.
Слични огласи »