
За компанијата: Формиран во далечната 1990 година како акционерско друштво со целосно македонски капитал, Неоком е една од водечките бизнис ИТ компании.
Низ годините се оформи како пример и за останатите ИТ компании...
повеќе за компанијата »Согласно потребите за проширување на компанијата, Неоком како лидер на македонскиот пазар за напредни ИКТ решенија има отворени позиции за:
Работна позиција: Специјалист за ИКТ продажба во Продажба
Работни обврски:
- Развивање и одржување на релации со потенцијални и актуелни клиенти.
- Учество и спроведување на продажен процес преку тендерско аплицирање.
- Изработка и процесирање на понуди, договори, фактури, следење на наплата од клиенти.
- Иницијативност и проактивност при презентирање на техничките решенија што се нудат
- Комуникациски и презентациски вештини како и способност за тимска работа.
- Комуникација со претставници на brand-овите што се застапуваат
- Пожелно работно искуство во продажба.
- Интерес и разбирање на информатичките и комуникациските технологии, со посебен акцент на компјутерски мрежи и безбедност на податоци.
Потребни квалификации:
- ВСС од Информатички технологии
- Компјутерски способности: Office, Excel, Word
- Познавање на англиски јазик (солидно пишување и говорење)
- Активен возач со Б категорија
Нудиме:
- Динамичка средина исполнета со континуирано професионално усовршување преку сертифицирани обуки од самите производители на опрема и решенија
- Посета на светски меѓународни конференции за професионално усовршување и претставување на компанијата
- Тимска работа и колегијалност
- Здрава работна атмосфера и бенефиции
Доколку сметате дека се квалификувате за бараната работна позиција, испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои се квалификуваат за потесен избор ќе бидат контактирани. Огласот трае до 29.12.2020-та година.
Слични огласи »