Возач - Магационер

Објавенпред еден час
Активен до08.12.2026
ПозицијаВозач/Управувач
ЛокацијаСкопје
Телефон+389 2 2403 100
Веб-страницаwww.fibernet.mk
За компанијата

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот. ФИБЕРНЕТ М-К е специјализирана... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

ВОЗАЧ МАГАЦИОНЕР

Работни задачи:

  • Вршење достава на роба од магацин до клиенти
  • Извршување на сите работи поврзани за магацинот и стоките кои се наоѓаат во него
  • Преземање на стоки од производствени простории во магацини
  • Прием на роба во магацин
  • Издавање роба од магацин
  • Организирање, распределување и сместување на стоки во магацин
  • Утовар и истовар со вилушкар
  • Логистичка поддршка на секторите за продажба и дистрибуција
  • Следење и извршување пописни активности на стоки во магацин
  • Контрола и следење на материјално работење во магацинот

Потребни квалификации и способности:

  • Минимум средно образование
  • Возачка дозвола Б категорија, со минимум искуство 5 години во сообраќај
  • За предност ќе се смета возачка дозвола Ц категорија со искуство во сообраќај
  • Познавање на англиски јазик и работа со Office апликации
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Педантност и организираност во работењето

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]  и наведете го името на огласот.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе