Kако дел од претходно објавените планови за преструктуирање кои беа забрзани од пандемијата на коронавирусот, Кока Кола ќе отпушти 2.200 вработени од својата глобална работна сила.

Портпаролот на компанијата изјави дека намалувањето на работните места ќе се случи преку комбинација на доброволно откупување и присилно отпуштање.
Овој потег ќе ја чини оваа компанија меѓу 350 и 550 милиони долари.
Портпаролот не прецизирал колку вработени би биле погодени во одделни оперативни единици и не открил за бројот на вработени кои ја прифатиле програмата за доброволно раздвојување на компанијата.
Овој потег следи откако Кока Кола во октомври донесе одлука да го преполови бројот на своите брендови. Оваа година исфрли повеќе брендови со послаба продажба, вклучувајќи ги Tab, Zico coconut water, Diet Coke Fiesty Cherry и Odwalla.
Компанијата соопшти дека ќе ги искористи заштедите за да инвестира во растечки брендови како сокови Minute Maid и Simply и да финансира лансирање на нови производи како Топо Чико Хард Селцер, Кока-Кола Енерџи и газирана вода Аха. Кока Кола, исто така, ги намалува деловните сегменти од 17 на девет.
Вкупниот глобален биланс на компанијата до крајот на 2019 година беше 86.200.