Изминатиот викенд, тимот на KARIERA.mk беше дел од прекрасната атмосфера во Општина Аеродром, во паркот кај Авиончето, каде што уживавме во одлично дружење со граѓаните и ги претставивме нашите најнови продукти и услуги.
Нашиот штанд привлече голем број посетители кои во овие топли денови имаа можност да се освежат со бесплатно KARIERA кафе и слатки изненадувања. Како совршен одговор на јунските температури, за граѓаните подготвивме и специјален промотивен материјал за летната сезона нашите препознатливи лепези за разладување и практични отворачи за пиво, кои предизвикаа многу насмевки и позитивни реакции кај присутните.
Секако, не ги забораривме ниту најмладите! За нив подготвивме посебен подарок KARIERA балони кои им ги делевме на дечињата и кои донесоа уште повеќе шаренило, весела атмосфера и искрени насмевки во паркот.
Покрај забавното дружење, посетителите имаа одлична прилика одблиску да се запознаат и со придобивките од MojaKARIERA картичката единствен производ на пазарот, комплетно наменет за активните баратели на работа:
- BASIC пакетот: Овозможува директна препорака на вашето CV до компании кои бараат кадар со соодветни квалификации и искуство.
- PRO пакетот: Овозможува професионална анализа и целосно унапредување на CV-то од страна на искусниот тим на KARIERA.mk, со цел да бидете чекор пред останатите кандидати.
Настанот помина во фантастична атмосфера исполнета со корисни разговори, нови познанства и одлична енергија. Им благодариме на сите што нѐ посетија и одвоија време да се запознаат со нашите услуги.
Доколку не успеавте да бидете дел од настанот, погледнете дел од атмосферата во галеријата подолу.
KARIERA.mk – вашиот партнер на патот до нови можности и успешна кариера!
Тагови: забава кафе Моја кариера картичка