Промовирани огласи »

Работодавачот е должен да исплати надоместок на плата во целост во следните случаи на отсутност од работа на работникот:

  • користење на годишен одмор, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот
  • користење на вонреден одмор, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот.
  • дообразување, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот
  • празници определени со Закон
  • користење на слободни денови, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот
  • време на отказен рок, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот
  • од причини од страна на работодавачот и донесена одлука од негова страна.

Работодавачот е должен да исплати делумно надоместок на плата во следните случаи на отсутност од работа на работникот:

  • поради болест или повреда во траење до 15 дена, врз основа на соодветен документ,
  • поради повреда и над 30 дена, ако се утврди вина на работодавачот
  • поради виша сила, се исплаќа половина плата во висина од неговата просечна плата во последните 12 месеци, ако во тој период не примал плата, се исплаќа најниската плата
  • поради прекин на работниот процес од деловни причини се исплаќа 70% од платата за период до 3 месеци во тековната година.

Работник-приправник има право на плата не помалку од 70% од основната плата на работното место за кое се оспособува.

Промовирани огласи »

Член 60 од Законот за работни односи вели дека при склучување на договор за вработување работникот и работодавачот можат да се договорат за пробна работа.

Во договорот за вработување покрај сите права и обврски од работен однос се утврдува висината на платата и времетраењето на пробната работа, кое не може да биде подолго од 6 месеца. Пробната работа може да се продолжи во случај на оправдано отсуство од работа (болест и слично).

За вршење на сезонска работа, пробната работа може да трае 3 работни дена.

Работодавачот може договорот за вработување со пробна работа за вршење на сезонска работа да го откаже во рок од 3 дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со пробна работа.

Во времетраењето на пробната работа работникот може да го откаже договорот за вработување со отказен рок од 3 работни дена.

Врз основа на оцената за неуспешно завршената пробна работа работодавачот може по изминувањето на пробната работа да го откаже договорот за вработување.

Промовирани огласи »

По укинувањето на карантинот, и се отворат границите и авионите повторно ќе почнат да летаат, влегувањето во авионите заради медицинските прегледи би можело да трае и до четири часа, предупредуваат експертите.

Според британски Мирор, патниците би можеле да чекаат долго за да се качат, а се претпоставува дека ќе бидат потребни пет години се додека сè не се врати во нормала, како пред појавата на болеста. Воздухопловната индустрија претрпе најголема штета бидејќи сите комерцијални летови се суспендирани, а патниците ќе бидат принудени на „непријатни“ услови за патување по укинувањето на карантинот.

Патниците ќе треба да носат маски, а повеќето авиони ќе бидат исполнети со капацитет од 20 проценти. Според експертите, дури и ако вакцината се најде вечерва, ќе бидат потребни најмалку две години да се врати се во нормала.

Летовите ќе бидат ретки, неколку места на располагање, цените ќе бидат повисоки и ќе се патува под некомфорни услови поради носење заштитна опрема и социјална дистанца – велат експертите.

Бројот на Британци кои користат автомобили никогаш не бил поголем од избувнувањето на болеста, пишува „Мирор“, потсетувајќи дека владата соопштила дека мерките нема да бидат олеснети се додека не се увери дека нема да има втор бран.

Промовирани огласи »

И покрај апелот на Министерството за транспорт и врски граѓаните да се воздржат од купување авиобилети за патување во странство, авиокомпаниите кои летаат од македонските аеродроми веќе продаваат карти за најголем број од дестинациите до кои се лета од Скопје и Охрид. На веб-страниците на некои авиокомпании може да резервира билет за летови што би се реализира и на почетокот на мај, додека најголем дел од дестинациите се очекува да продолжат нормално да се одржуваат во јуни.

„Со оглед на настанатата состојба, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници. Се до донесувањето на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервации на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци“, велат од Министерството за транспорт и врски.

И покрај ваквиот апел, авиокомпаниите продаваат авиобилети за дестинациите што се опслужуваат од македонските аеродроми.

„Визер“ продава билети за летови за периодот по 17 мај, кои за некои дестинации се нудат и по цена од само 609 денари во еден правец. „Кроација ерлајнс“ продава авиобилети од Скопје за Загреб за летови по 1 јуни. „Ер Србија“ нуди авионски билети од Скопје за Белград за летови, за коишто смета дека ќе можат да се организираат по 9 мај. Авиобилети од Скопје за Виена преку интернет-страницата на „Остриан ерлајнс“ можат да се набават за периодот по 21 мај.

И додека авиокомпаниите се обидуваат час поскоро да почнат повторно со летови до и од аеродромите, голема недоумица за нив е новиот пакет правила за летање што ЕК треба да го донесе во мај, со кој ќе се бара социјално дистанцирање на аеродромите и во авионите. Овие правила ќе имаат големо влијание и врз дестинациите што се опслужуваат од македонските аеродроми, бидејќи правилата ќе важат за сите земји-членки на ЕУ.

Владата порачува: Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети, на сила сѐ уште важи Одлуката за затворање на аеродромите

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »