(преземи го огласот како слика)

Оператори на автоматизирани леарски острови
Доколку сакате да станете дел од наш тим во динамично производствено опкружување, сте подготвени за работа полна со предизвици и сакате да учествувате во создавање на квалитетни производи, ве покануваме да се приклучите на нашата успешна компанија.
Главни задачи:
• ракување со опремата за леење, извршување едноставни операции при моделирањето на одлеаноците врз база на технолошки постапки, цртежи и дадени инструкциич;
• контрола на квалитетот на одлеаноците преку визуелна проверка, откривање на површински недостатоци и елиминација на лошо одлеаните парчиња;
• прилагодување на операцијата на машините според упатствата и инструкциите дадени од страна на технолозите ;
• контрола на работата на машините и опремата со цел обезбедување производ според дадени спецификации;
• одржување чиста работна средина и почитување на правилата и прописите за безбедност и здравје при работа;
• познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место
Очекуваме:
- завршено средно образование
- работа во смени на локација Охрид
- подготвеност за континуирано едуцирање и дообучување
- способност за тимска работа,
- грижа за чисто работно место.
Услови за работа:
Работната позиција бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно.
Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа во смени (4-3)
Нудиме:
• конкурентна плата плус додатоци на плата
• покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
• обезбеден топол оброк
• исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
• исплата на новогодишен надоместок, доброволно приватно здравствено осигурување
• награди и бонуси согласно покажани резултати, додаток за присутност
Аплицирајте на Слободни работни места | LTH Castings во наредните 15 дена.
Ве очекуваме!
*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 90 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.