Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник за следење на договорите за концесија, Одделение за следење на договорите за концесија и наплата на концесиски надоместоци, Сектор за рударство

Советник за рударски отпад, санација и рекултивација на рудниците и заштита на животна средина, Одделение за рударски отпад, санација и рекултивација на рудниците и заштита на животна средина, Сектор за рударство

Советник за аналитика на печатени и електронски медиуми, Одделение за односи со јавност, Сектор за кабинет на министерот

Советник за геолошки истражувања и рударство, Одделение за геолошки истражувања на минерални суровини, Сектор за геологија

Советник за материјално - финансиско работење, Одделение за административно правни работи и материјално финансиско работење, Административна служба

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Викенд исполнет со позитивна енергија: KARIERA.mk во Аеродром

Дел од атмосферата од дружбата на KARIERA.mk во Аеродром

Изминатиот викенд, тимот на KARIERA.mk беше дел од прекрасната атмосфера во Општина Аеродром, во паркот кај Авиончето, каде што уживавме во одлично дружење со граѓаните и ги претставивме нашите најнови продукти и услуги.

Нашиот штанд привлече голем број посетители кои во овие топли денови имаа можност да се освежат со бесплатно KARIERA кафе и слатки изненадувања. Како совршен одговор на јунските температури, за граѓаните подготвивме и специјален промотивен материјал за летната сезона нашите препознатливи лепези за разладување и практични отворачи за пиво, кои предизвикаа многу насмевки и позитивни реакции кај присутните.

Секако, не ги забораривме ниту најмладите! За нив подготвивме посебен подарок KARIERA балони кои им ги делевме на дечињата и кои донесоа уште повеќе шаренило, весела атмосфера и искрени насмевки во паркот.

Покрај забавното дружење, посетителите имаа одлична прилика одблиску да се запознаат и со придобивките од MojaKARIERA картичката  единствен производ на пазарот, комплетно наменет за активните баратели на работа:

  • BASIC пакетот: Овозможува директна препорака на вашето CV до компании кои бараат кадар со соодветни квалификации и искуство.
  • PRO пакетот: Овозможува професионална анализа и целосно унапредување на CV-то од страна на искусниот тим на KARIERA.mk, со цел да бидете чекор пред останатите кандидати.

Настанот помина во фантастична атмосфера исполнета со корисни разговори, нови познанства и одлична енергија. Им благодариме на сите што нѐ посетија и одвоија време да се запознаат со нашите услуги.

Доколку не успеавте да бидете дел од настанот, погледнете дел од атмосферата во галеријата подолу.

KARIERA.mk – вашиот партнер на патот до нови можности и успешна кариера!

Тагови: забава кафе Моја кариера картичка

Промовирани огласи »

Вработување во Виола Аптеки!

Најновите огласи за вработување во Виола Аптеки!

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Моментално вработува:

Фармацевт - нас. Аеродром
Фармацевт - нас. Центар
Фармацевт - нас. Карпош
Фармацевтски техничар - нас. Аеродром
Фармацевтски техничар - нас. Центар
Фармацевтски техничар - нас. Карпош

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ПЗУ Аптека ВИОЛА

Промовирани огласи »

Зошто работодавците повеќе бараат AI писменост отколку дипломи?

Зошто кандидатите со помалку образование добиваат подобри работни места?

Во последните неколку години, пазарот на труд доживува брза трансформација. Една од најзабележливите промени е фактот што сè повеќе работодавци ставаат поголем акцент на AI писменост отколку на формални дипломи.

Причината е едноставна: вештачката интелигенција веќе е дел од секојдневното работење. Од маркетинг и продажба, до финансии, човечки ресурси и анализа на податоци AI алатките стануваат стандард. Компаниите затоа бараат луѓе кои знаат како да ги користат, разберат и применат овие алатки во реални работни ситуации.

Додека дипломата покажува дека некој има завршено одредено образование, AI писменоста покажува нешто многу поконкретно способност да се работи со современи технологии, да се автоматизираат задачи, да се анализираат податоци и да се донесуваат побрзи и попаметни одлуки.

Работодавците сè повеќе сфаќаат дека технолошките вештини брзо се менуваат. Она што е релевантно денес, може да биде застарено за неколку години. Затоа, наместо да се фокусираат само на формално образование, тие бараат кандидати кои учат брзо, се адаптираат и знаат да користат AI алатки во секојдневната работа.

AI писменоста не значи само користење на алатки како ChatGPT или автоматизациски платформи. Таа подразбира разбирање на тоа кога и како да се користи AI, како да се проверуваат резултати, како да се поставуваат правилни прашања и како да се комбинира човечката креативност со машинската ефикасност.

Овој тренд не значи дека дипломите стануваат неважни, туку дека веќе не се единствениот критериум за успех. Во новата ера на работа, највредни се луѓето кои имаат комбинација од знаење, практични вештини и способност да работат со AI технологии.

Иднината на вработувањето јасно покажува една работа: не победува оној со најмногу дипломи, туку оној кој знае најпаметно да ја користи технологијата.

Прочитајте и за: Дали CV-то станува минато? Новите правила на регрутацијата

Тагови: AI ChatGPT HR трендови

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »