Промовирани огласи »

Како да остварите право на паричен надоместок по престанок на работен однос

Останавте без работа? Проверете дали имате право на паричен надоместок.

Престанокот на работниот однос не значи дека веднаш останувате без никаква финансиска поддршка. Во одредени случаи, невработеното лице може да оствари право на паричен надоместок преку Агенцијата за вработување.

Кој може да добива паричен надоместок?

Право на надоместок може да оствари невработено лице кое пред престанокот на работниот однос било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.

Сепак, важно е и како престанал работниот однос. Правото не следува во одредени случаи, како кога работникот сам дал отказ, склучил спогодба за престанок на работниот однос или добил отказ поради кршење на работниот ред и дисциплина. Надоместок не се остварува ниту доколку лицето исполнува услови за старосна пензија.

Внимавајте на рокот од 30 дена

Барањето треба да се поднесе во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.

Доколку рокот е пропуштен, правото не мора автоматски да се изгуби, но исплатата започнува од денот на поднесувањето на барањето и се однесува само на преостанатиот период.

Колку долго се исплаќа?

Времетраењето на надоместокот зависи од стажот на осигурување. За најкраткиот стаж исплатата трае 1 месец, додека за лица со над 25 години стаж може да трае до 12 месеци.

Постои и посебно правило за невработени лица со над 15 години стаж на кои им недостасуваат најмногу 18 месеци до исполнување на условите за старосна пензија. Во овие случаи, надоместокот може да се исплаќа до повторно вработување или до настапување на друга законска причина за престанок на правото.

Од што зависи висината на надоместокот?

Износот се определува според претходно остварената плата, односно според просечната месечна нето плата во последните 24 месеци пред престанокот на работниот однос. За надоместоците што се исплаќаат до 12 месеци, основата е 50% од просечната нето плата, со законски утврден максимален износ.

Важно по добивањето на правото

Корисникот треба да ги почитува обврските кон Агенцијата за вработување и редовно да се јавува во Центарот за вработување. Правото може да престане, меѓу другото, со повторно вработување или доколку лицето започне да врши самостојна дејност.

Најважно е по престанокот на работниот однос навреме да проверите дали ги исполнувате условите и да го поднесете барањето во законскиот рок.

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) невработеност паричен надоместок

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Помошник раководител на сектор за инспекциски работи - Помошник главен инспектор, Сектор за инспекциски работи

Помлад референт - матичар во подрачна канцеларија на одделение за матично работење, Подрачна канцеларија - Дебар, Одделение за матично работење - Охрид, Сектор за управно-надзорни работи од областа на матичното работење, планирање и анализа

Помлад соработник за координација на институциите вклучени во процесот на РЈА, Одделение за креирање и анализа на политики од областа на РЈА, Сектор за реформа на јавна администрација

Самостоен референт – Благајник, Одделение за сметководство и плаќања, Сектор за финансиски прашања

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Евтино жито, скап леб: Земјоделците бараат итна помош и повисока откупна цена

Пелагониските производители алармираат дека пченицата се откупува за 10 денари, додека лебот достигна 35 денари. Бараат државна интервенција, побрзи субвенции и построга контрола на увозот.

Пелагониските земјоделци се револтирани од ниската откупна цена на пченицата, која годинава се движи меѓу 9,5 и 10 денари за килограм, и бараат државата преку Интервентниот фонд да обезбеди дополнителни 5 денари по килограм. Тие оценуваат дека сегашната цена не ги покрива ни основните производствени трошоци, особено по поскапувањето на ѓубривата, горивото, пестицидите и семенскиот материјал. Дополнително, бараат итна исплата на субвенциите за реколтата 2024 и корекција на програмата за субвенционирање за 2026 година.

Мемет Синани од Националната федерација на фармери посочува дека состојбата е нелогична: во време кога пченицата се откупувала по 20 денари за килограм, лебот чинел 25 денари, а денес, со пченица од 10 денари, лебот се продава и по 35 денари. Според него, ова отвора сериозно прашање за тоа како се распределува заработката во синџирот од производителите до пекарниците. Земјоделците предупредуваат дека со вакви цени не можат да ги покријат вложувањата, ниту да обезбедат средства за следната сезона.

Националната земјоделска мрежа, пак, бара поголема контрола на увозот на пченица и брашно, особено од Србија, како и редовни проверки на квалитетот и безбедноста на житото што завршува на македонскиот пазар. Оттаму предупредуваат дека институциите реагираат предоцна, кога најголемиот дел од родот веќе е продаден по ниски цени. Министерот за земјоделство Борче Серафимовски изјави дека цената е берзанска и зависи од регионалниот пазар, но најави анализа и разговори со засегнатите страни, додека со ребалансот на буџетот се предвидени околу 1,2 милијарди денари за субвенции, меѓу кои и за житните култури.

Тагови: земјоделски производи леб

Промовирани огласи »

Поскапуваат дизелот и бензините

Од полноќ нови цени на бензинските.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 8,983%, кај дизелот за 10,979%, кај екстра лесното масло за 9,801% и кај мазутот зголемувањето е за 0,871%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2247%.

Во денешната Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 18.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 4,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,188 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,726 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »