Ако сакаш работа во која нема да седиш во канцеларија, туку секој ден ќе разговараш со луѓе, ќе градиш доверба и ќе гледаш како директно твојата работа влијае на резултатите, тогаш можеби ова е вистинската позиција за тебе.
Оваа работна позиција е многу повеќе од обична продажба. Таа е тимско патување со јасна цел - да создадеме позитивни искуства и доверба кај клиентите преку јасна стратегија и професионален пристап. Работиме во средина каде луѓето се дружат, се развиваат и постојано се доусовршуваат. Знаеме дека најдобрите резултати доаѓаат кога тимот е составен од енергични и професионални луѓе кои сакаат да растат.
ТВОИТЕ ЗАДАЧИ СЕ:
- Секојдневна теренска работа и активно возење
- Управување со сопствен продажен регион
- Продажба и презентација на нашите производи
- Развивање на портфолио на клиенти
- Планирање неделни посети
- Следење на KPI
- Редовен CRM
- Месечни цели
НЕ Е ЗА ТЕБЕ АКО:
- Оваа позиција не е за тебе ако бараш класична канцелариска работа, фиксно работно време и иста рутина секој ден.
- Оваа позиција не е за тебе ако не те привлекува директна комуникација со клиенти, патувања и преземање одговорност за крајните резултати.
БАРАМЕ КАНДИДАТ КОЈ:
- Сака да учи
- Не чека некој да му каже што да направи
- Не се плаши од одбивање
- Ужива да поставува цели
- Сака да победува
- Не бега од бројки, дисциплина и одговорност
- Сака да патува и да комуницира со клиенти
- Поседува возачка дозвола Б категорија (активен возач)
- Познавање на MS Office (Excel, Word)
ШТО НУДИМЕ:
- Плата 30.000 денари плус бонус систем кој е директно зависен од постигнатите резултати и е без ограничување
- Неработни денови - викенди и државни празници
- Исплата на годишен регрес согласно закон
- Службено возило, службен телефон и лаптоп за извршување на работните обврски
- Целосна обука и менторска поддршка
- Можност за професионален развој и напредување
- Работа во стабилна компанија со јасна визија, долгогодишно искуство и позитивна работна атмосфера
Ако си заинтересиран за оваа позиција, аплицирај на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Испрати CV + краток одговор на 3 прашања:
1. Зошто мислиш дека си вистинска личност за теренска продажба?
2. Дали имаш искуство со возење и директна работа со клиенти?
3. Што можеш да постигнеш во првите 90 дена ако ти се даде јасен систем и поддршка?