Две децении градеше империја која денес е вредна 460 милијарди долари а денес светот слушна шокантна вест од него.

Основачот на Алибаба и милијардер Џек Ма заминува од челната позиција на компанијата.
Како што пренесоа светските медиуми, Ма целосно ќе и се посвети на филантропијата, а неговото место на извршен претседател ќе го земе досегашниот извршен директор на Алибаба Даниел Чанг, пренесе БиБиСи.
Си голема прослава Ма своето заминување во пензија ќе го обележи во градот Хангџоу каде што и се наоѓа седиштето на неговата фирма.
Во јавноста Џек Ма е познат како човек кој направил пари за уште 10 животи но и по изјавите дека Луѓето треба да работат три дена во неделата, четири часа дневно.
-Луѓето би можеле да работат само три дена во неделата, четири часа дневно со помош на напредокот на технологијата и реформите во образовните системи-рекол коосновачот на Алибаба Груп Холдинг на глобалната конфернција за вештачка интелигенција одржана во Шангај.
Чек Ма од Самитот во Давос во јануари годинава предупреди дека светот се лизга кон трета светска војна.
При една прилика богатиот кинез рече и дека машините имаат чип, но луѓето имаат срце.
„Во бизнисот, никогаш не би требало да се грижите за конкуренција, никогаш не грижете се поради притисок. Ако се грижите за притисок , немојте да бидете бизнисмен. Денес е голема работа сите да се грижат за се“ .-Џек Ма
Сите бесплатни поуки од најбогатиот човек во светот ви ги пренесуваме БЕСПЛАТНО и тоа овде.