Словенија го држи првото место со највисока плата во Регионот. Според статистичките податоци, веднаш зад неа е Хрватска, а најниски плати има во нашата земја, Албанија и Србија.

Со просечна плата над 1000 евра, Словенија го држи првото место, односно со 1.108 евра. На второто место по висина на просечната плата во Регионот е Хрватска, каде месечната просечна плата изнесува околу 900 евра, односно 873,9 евра.
Црна Гора е трета на Балканот по висина на просечната плата, во оваа земја просечната плата изнесува 511 евра.
Најниски просечни плати според последните статистички податоци се во Македонија и Албанија, додека во Србија и Босна и Херцеговина се малку над нив. Во БиХ просечната плата е 469 евра, а во Србија 454,7 евра.
Во соседна Албанија просечната плата изнесува 423 евра, додека според податоците на Заводот на статистика во Северна Македонија месечната просечна плата изнесува 409,8 евра.