Економист (м/ж)

Објавенпред 15 минути
Активен до10.12.2026
ПозицијаЕкономист/Сметководител/Ревизор
ЛокацијаСкопје
Телефон+389 2 2403 100
Веб-страницаwww.fibernet.mk
За компанијата

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот. ФИБЕРНЕТ М-К е специјализирана... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов сме во потрага по професионална, комуникативна, посветена, мотивирана и доверлива личност, која ќе придонесе кон понатамошниот успех и развој на нашата компанија. Доколку сакате да бидете дел од еден успешен и динамичен тим, да ги реализирате своите професионални амбиции и остварите професионален развој во нашата компанија, Ве охрабруваме да аплицирате за работна позиција:

ЕКОНОМИСТ

Зошто да аплицираш?

Придружи се на нашиот тим каде твојата лојалност, стручност, посветеност и одговорност ќе имаат вистинско влијание! Работи во динамична средина, развивај се професионално и биди дел од тимот кој заеднички ги гради успесите на нашата компанија.

Работни задачи:

  • Книжење на финансиската и материјална документација;
  • Прием, контрола и обработка на влезни и излезни фактури;
  • Архивирање и уредно водење на фактури;
  • Проверка на точноста на внесените податоци и документација;
  • Наплата од клиенти;
  • Евиденција и усогласување на обврски и побарувања;
  • Следење и контрола на финансиското работење, изработка на анализи и подготовка на периодични финансиски извештаи;
  • Сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди  и принципи, како со сите релевантни законски и регулативни прописи;
  • Придржување во целост на интерните политики и процедури;
  • Учество во проекти, меѓусекторска иницијатива и задачи;

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено високо образование -Економски факултет;
  • Поседување лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност;
  • Задолжително познавање на MS Office пакетот (за предност ќе се смета напредно познавање и искуство во негово работење);
  • Работењето во PANTHEON  ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство на наведената позиција ќе се смета за предност;
  • Познавање на целокупното материјално и финансиско работење;
  • Активно познавање и следење на новите законски прописи;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија;

Потребни вештини и способности:

  • Високо развиен тимски дух и самоиницијативност;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Доверливост и дискреција;
  • Лојалност кон организацијата и нејзините цели;
  • Професионален и позитивен однос;
  • Прецизност, одговорност и аналитички способности;
  • Способност за работа со кратки рокови и соодветно приоритизирање на задачите;
  • Способност за самостојна и тимска работа;

Што нудиме:

  • Стабилно и сигурно работно место
  • Работа во професионална и динамична средина каде задоволството на    вработениот е клучна вредност
  • Можност за стручно усовршување и професионален развој
  • Можност за долгорочна соработка

Работно време и место:

  • Понеделник-Петок 8:00-16:00 часот
  • Сабота и недела се неработни денови
  • Работа во просториите на компанијата

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

При вашата апликација Ве молиме да го наведете името на огласот.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од ФИБЕРНЕТ М-К

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе