На 19ти Септември 2019 година во Скопје по втор пат ќе се одржи водечкиот светски настан од областа на ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ.

Со свои презентации ќе се претстават некои од светските водечки HR експерти. Учесниците ќе имаат можност подобро да го разберат постојаното менување на денешните трендови во областа на човечките ресурси, како и да го подготват својот тим за нови начини на работа и учење.
Ќе учите од БРИЛИЈАНТНИ ГОВОРНИЦИ, односно експерти за човечки ресурси од реномирани компании како Facebook, Gazprom, Beiersdorf, Molnlycke и други. Ќе се одржат суштински сесии и работилници кои не само што ќе Ви помогнат да останете во чекор со последните трендови за раководење со човечки ресурси, туку ќе Ви дадат и практични совети кои ќе можете да ги искористите во Вашата стратегија за раководење со човечки ресурси. Ќе имате можност за ПРОДУКТИВНО ВМРЕЖУВАЊЕ - никогаш не знаете со какви инспирации, партнерства или деловни зделки ќе си заминете од HR самитот.
Говорници:








Во Септември 2017 година, успешно беше одржан првиот Global HR Summit Скопје, организиран од P World со ексклузивно партнерство на KARIERA.mk. Преку 200 делегати научија повеќе за креирањето на лидерски особини од врвните светски предавачи.
Доколку сте заинтересирани за иднината на раководењето со човечки ресурси, РЕЗЕРВИРАЈТЕ го Вашето присуство ТУКА.
Настанот е организиран од P WORLD, со ексклузивно партерство на KARIERA.mk.