Позиција: ПРАКТИКАНТИ
Датум на објава: 10 Септември 2019
Рок за пријавување до: 22 Септември 2019
Број на оглас: О-А-ПА-190910-10
Сектор: Сите
Локација / Регион: СКОПЈЕ
Ние во Алма-М веќе 28 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
По тој повод, бараме практиканти кои ќе добијат можност за кариерен развој во Алма-М, а ќе ги имаат следните задачи, вештини и квалификации:
Работни задачи на практикантите ќе бидат:
- Соодветни на некој од секторите во Алма-М, a во зависност од типот на студии на избраните кандидати,
- Работа под менторство на високо амбициозни, мотивирани и организирани професионалци,
- Да поддржува, гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работењето,
- и други работи по опис на работно место.
Потребни квалификации и вештини на практикантите:
- Дипломирани или во завршна година од студии, (Доказ: уверение за дипломирање или за положени испити)
- Организиран/а и аналитичен/а,
- Мотивирана и стабилна личност,
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
- Поседување возачка дозвола Б – категорија,
- Пожелно е познавање на англиски јазик.
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство не е потребно.
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со мотивационо писмо и нивната биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Практикантската работа трае во определено време од 3 месеци, со можност за продолжување.
- Практикантите ќе имаат можност за докажување на своите способности, со можност да бидат земени предвид при идни постојани вработувања во компанијата.
- Месечниот надомест ќе биде согласно одредбите од Законот за практиканство.
- САМО кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.