Промовирани огласи »

Измени во Законот за минимална плата

Заменик министерот нагласи и дека средствата за исплата на финансиската поддршка се веќе обезбедени

Собраниската Комисија за труд и социјална политика на денешната седница ја започна расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија.

Измените на Законот за минимална плата се носат со цел да се поттикнат работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата и изнесуваат до 18.000 денари нето плата.

Ваквиот предлог се прифати на седницата на социјално-економскиот совет што се одржа во Владата на 1 мај 2018 година поради што се неопходни измени на Законот. Планирано е финансиската поддршка да се обезбедува во периодот од јули 2018 до декември 2019 година и да изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во месеците октомври, ноември и декември 2017 година при што максималната финансиска поддршка може да изнесува 1.200 денари, изјави заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Заменик министерот нагласи и дека средствата за исплата на финансиската поддршка се веќе обезбедени и според проекциите доколку аплицираат сите кои ги исполнуваат условите за мерката, ќе бидат опфатени околу 50.000 вработени и 15.000 работодавачи.

Тагови: минимална плата

Промовирани огласи »

Пониски цени на горивата се очекува од идната недела

Од понеделник конечно поевтини горива

По неколку циклуси поскапувања идната недела најверојатно ќе регулаторот ќе одреди пониски цени на горивата од актуелните. 

Движењето на цената на суровата нафта на светските берзи покажува дека во последните 2 недели барел нафта чинеше меѓу 71 и 73 долари за барел што е пониско од цената од пред две недели која регулаторот пресмета дека во просек била над 75,8 долари.

Во вакви услови извесно е дека од вторник на полноќ ќе добиеме нови намлени цени.

Во моментов дизелот е 64 денари, а ЕУРОСУПЕР 72 односно 74 денари за литар за 98 октанскиот бензин.

Промовирани огласи »

Скратен одморот на медицинските сестри, поради недостиг на медицински кадар

Поради недостиг на медицински кадар, се бара реакција од министерот.

Медицински сестри предвреме биле враќани на работа од годишен одмор, на други пак не им се дозволувало одморот да го користат во јули поради недостиг на ваков кадар во клиниките и болниците низ Македонија.

Повеќе вакви реакции изминатиот период стигнале до Унијата на медицински сестри, техничари и акушерки. Според нив законското право на овој здравствен персонал целосно им било оневозможено. Од друга страна дополнителен проблем е што и оние сестри кои останувале на работа работеле 24 часовни дежурства и во смени со само еден слободен ден, а трудот не им бил соодветно платен, велат од здружението “За нас”.

Вишокот работни часови и работата во дежурства не се дефинирани дали ќе бидат исплатени по основ на дежурства, на ноќна работа или пак преку слободни денови за кои не се знае дали ќе може да ги искористат поради дефицитот. Голем дел од медицинските сестри се повикуваат да ги прекинат и веќе започнатите годишни одмори и да се вратат на работа. Правото на користење годишен одмор согласно сопствените потреби им е целосно оневозможено бидејќи дополнително се условени и во кој период истиот може да го искористат, изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на ЗМСТА- ЗА НАС и Унијата на ЗМСТАСЛ.

За проблемот со ускратеното законско право за годишен одмор од Унијата го известиле министерот за здравство и очекуваат надлежните да изнајдат соодветни решенија за да го заштитат кадарот кој масовно си оди од државата и работи во странство.

Промовирани огласи »

Ќе добијат ли бенифициран стаж градежниците во Македонија?

Од Министерството за труд и социјала веќе дадоа зелено светло на иницијативата за бенефициран стаж за рударите. Најавија дека наскоро, повластен стаж ќе добијат и други професии

Одливот на работната сила од Македонија може да се спречи со зголемување на платите и бенифициран стаж, сметаат од синдикатот на градежните работници.

Тие бараат работниците од потешките струки како  ракувачите на градежни машини, кранисти и возачи на тешки товарни возила најмалку една година порано да заминуваат во пензија. Бидејќи работат во несоодветни услови од синдикатот сметаат дека со тоа се намалува животниот век на работниците.

Од Министерството за труд и социјала веќе дадоа зелено светло на иницијативата за бенефициран стаж за рударите. Најавија дека наскоро, повластен стаж ќе добијат и други професии.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »