Промовирани огласи »

Ќе добијат ли бенифициран стаж градежниците во Македонија?

Од Министерството за труд и социјала веќе дадоа зелено светло на иницијативата за бенефициран стаж за рударите. Најавија дека наскоро, повластен стаж ќе добијат и други професии

Одливот на работната сила од Македонија може да се спречи со зголемување на платите и бенифициран стаж, сметаат од синдикатот на градежните работници.

Тие бараат работниците од потешките струки како  ракувачите на градежни машини, кранисти и возачи на тешки товарни возила најмалку една година порано да заминуваат во пензија. Бидејќи работат во несоодветни услови од синдикатот сметаат дека со тоа се намалува животниот век на работниците.

Од Министерството за труд и социјала веќе дадоа зелено светло на иницијативата за бенефициран стаж за рударите. Најавија дека наскоро, повластен стаж ќе добијат и други професии.

Промовирани огласи »

РАСТЕ БРУТО ПЛАТАТА: Од месец во месец сумата е повисока

Платите повисоки од лани

Расте бруто платата во Македонија од месец во месец. 

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2018 изнесува 35 983 денари.

Oва вчера го објави Државниот завод за статистика. 

Еден месец претходно, бруто-плата по вработен била  35 117 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април годинава во однос на април 2017 година е повисока за 5,5 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2018 година беше 34 764 денари.

Во февруари 2018 година изнесувала 33 994 денари, а тримесечјето (ноември, декември 2017 година и јануари 2018 година) била 34 783 денари.

Стандардно неколку сектори придонесуваат за повисока просечна плата. 

Промовирани огласи »

Нови измени во Законот - еве како ќе се продаваат цигарите

Еве како ќе се продаваат цигарите

На пазарот веќе нема да се продаваат пакувањата на цигари кои немаат форма на квадар, кои содржат помалку од 20 цигари и кои содржат ознаки, зборови или изрази што упатуваат или сугерираат на тоа дека тој вид на производ е помалку штетен. 

Со новиот Закон за тутун се предвидува единечното пакување на цигари да содржи најмалку 20 цигари за разлика од досега кога поголем дел од цигарите кои се продаваа на пазарот имаа по 19 цигари во кутиите. Освен тутунските производи ќе се регулира прометот и на сродните производи на тутун како што се електронските цигари и несогорливиот тутун за пушење.

Исто така, не смее да се продаваат цигари кои содржат ознаки, зборови или изрази што упатуваат или сугерираат на тоа дека тој вид на производ е помалку штетен. Така на пример на пазарот веќе нема да се продаваат цигари на чии кутии стојат ознаките лајт, ултра, односно малку катран, лесен, благ, ултра лесен и слично.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека освен тутунските производи за прв пат ќе се регулираат и сродните производи на тутун како што се електронските цигари и несогорливиот тутун за пушење кои се појавија на пазарот во ЕУ и кај нас.

Новиот Законот за тутун е во согласност со Директивата 40/2014 и првпат ќе го регулира прометот со електронските цигари и несогорливиот тутун за пушење. Со негова примена се очекува поголема и посуштинска контрола на состојките и адитивите во цигарите, како и да се намали достапноста до цигарите, особено за младата популација. Република Македонија со ова ќе биде првата земја во Југоисточна Европа која ќе ги регулира овие производи, а во склад со најдобрите примери од ЕУ.

Се забранува пуштање во промет на пакувањата на цигари кои немаат форма на квадар, кои содржат помалку од 20 цигари, со исклучок на пакувањата на цигари кои се наменети за извоз, стои во нацрт-законот.

Според одредбите, единечното пакување на цигари се состои од картон или мек материјал и не треба да има отвор кој ќе може повторно да се затвори или повторно да се залепи откако е еднаш отворено, освен капакот со преклоп (флип-топ) и капаците со преклопување.

Остануваат одредбите дека на кутијата јасно треба да е наведено за каков производ станува збор, и колку содржи катран, никотин и јаглероден моноксид. Ако тоа не е наведено производот не смее да биде пуштен во продажба.

Тагови: цигари

Промовирани огласи »

РЕВОЛУЦИЈА: Воведуваат работна недела од четири дена

Добра вест за работниците

Компанија од Нов Зеланд сака да воведе четиридневна работна недела, затоа што експериментот којшто го направилесе покажал за апсолутно успешен. Тестот се покажал толку добро што сега компанија планира да воведе работна недела од четири дена за постојано, пишува Б92. Сите вработени покажале поголема продуктивност, помалку нов стрес и подобра рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот, а тоа е поради еден работен ден помалку во текот на неделата.

За време на експериментот, што траел од почетокот на март, до крајот на април, повеќе од 240 вработени биле платени како да работат пет дена во неделата. Проценка за успешноста на екпериментот ја направиле надворешни оценувачи.

Во анкетата, која била спроведена една година претходно, само 54 отсто од вработените изјавиле дека се способни да балансираат меѓу деловното и приватното. По експериментот тој процент се искачил на 78 отсто. Експериментот помогнал да се намали степенот на стрес на работното место за седум отсто, додека тимскиот ангажман скокнал за 20 отсто. Овој експримент е особено важен за Нов Зеланд, кој важи за место кое има најниска продуктивност.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »