Расте бруто платата во Македонија од месец во месец.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2018 изнесува 35 983 денари.
Oва вчера го објави Државниот завод за статистика.
Еден месец претходно, бруто-плата по вработен била 35 117 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април годинава во однос на април 2017 година е повисока за 5,5 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2018 година беше 34 764 денари.
Во февруари 2018 година изнесувала 33 994 денари, а тримесечјето (ноември, декември 2017 година и јануари 2018 година) била 34 783 денари.
Стандардно неколку сектори придонесуваат за повисока просечна плата.