Ви исплатија К-15, па ви бараат да го вратите? Работодавачот може да одговара кривично

К-15 е работничко право, не награда. Дознајте што да зачувате како доказ и каде да пријавите ако работодавачот ви ги бара парите назад.

К-15, односно регресот за годишен одмор, е право утврдено со колективните договори, а не награда од работодавачот. Во приватниот сектор го остваруваат вработените кои во календарската година работеле најмалку шест месеци кај истиот работодавач. Според последната достапна пресметка, минималниот износ е 19.415 денари нето, а рокот за исплата е 31 декември 2026 година. Минимумот се пресметува како 40 проценти од просечната месечна нето-плата во државата во последните три месеци, па износот зависи од основицата што важи кога е донесена одлуката за исплата.

Ако работодавачот по исплатата бара да вратите дел или целиот износ, зачувајте ги пораките, електронската пошта, банкарските изводи и другите докази. Можете да се обратите до Државниот инспекторат за труд или до Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ако се сомневате дека е сторено кривично дело, случајот можете да го пријавите и во полиција или во Јавното обвинителство.

Според член 166 став 2 од Кривичниот законик, барањето работникот да врати дел од исплатената плата или друг надоместок може да повлече кривична одговорност. Ако се исполнети законските услови, предвидена е затворска казна од три месеци до една година, а на правното лице може да му се изрече парична казна.

Тагови: К-15 работодавач

Колку навистина сте информирани за своите работнички права?

Не чекајте проблем за да ги дознаете своите права

Правото не е само област во која се решаваат спорови и проблеми, туку важен дел од секојдневното функционирање на поединците и компаниите. Навремената правна поддршка, познавањето на сопствените права и правилното управување со правните ризици можат да направат значителна разлика во професионалниот и деловниот развој.

Во новата епизода на нашиот подкаст НА КАДЕ ОДИМЕ?, како гостинка ја имаме Маја Гошевска Димитрова, адвокатка, чиј професионален пат започнува во 2014 година, а во 2022 година таа одлучува да направи значаен чекор во кариерата и да започне со работа преку сопствена адвокатска канцеларија.

Во разговорот, Маја ги споделува предизвиците со кои се соочила при започнувањето на сопствената адвокатска практика, одговорноста што ја носи професијата и важноста на донесувањето правилни одлуки во ситуации кога од правната процена зависат интересите на други луѓе и компании.

Посебно внимание посветуваме на работничките права, работните односи и договорите, област во која често се појавуваат недоразбирања и пропусти, како кај работодавачите, така и кај вработените. Разговараме и за важноста на превентивната правна заштита и зошто е важно правните прашања да се решаваат навреме, пред да прераснат во посериозен проблем.

Дополнително, отвораме тема за заштитата на интелектуалната и индустриската сопственост, значењето на трговските марки и свесноста на македонските претприемачи за заштита на сопственото име, бренд и идеи.

Во време кога вештачката интелигенција и технологијата сè повеќе навлегуваат во правната професија, разговараме и за новите можности и ризици, како и за вештините што ќе бидат особено важни за адвокатите во иднина.

Епизодата ја заокружуваме со лична перспектива за професионалниот развој, амбициите, личниот успех и лекциите што Маја би сакала да им ги пренесе на оние кои допрва го започнуваат својот професионален пат.

Погледнете ја новата епизода:

Колку навистина сте информирани за своите работнички права?

Тагови: НА КАДЕ ОДИМЕ Маја Гошевска Димитрова адвокат

AI не значи помалку вработени: Пораката што секој директор треба да ја знае

Дали се плашиме од погрешна работа? Што навистина се случува кога AI влегува во компаниите?

Вештачката интелигенција сè почесто се претставува како закана за работните места, но најновите податоци откриваат поинаква слика. Компаниите што воведуваат AI агенти не мора да значи дека имаат намера да ги заменат вработените. Кај најголемиот дел од нив, човечкиот кадар останува ист или дури се зголемува.

Според истражувањето објавено од HR Executive на 16 ноември 2026 година, дури 92% од компаниите што користат AI агенти ги задржале постојните вработени или додале нови работни места. Овој податок отвора важно прашање за иднината на работата: дали вештачката интелигенција навистина ќе ги замени луѓето или ќе го промени начинот на кој тие ги извршуваат своите задачи? 

Вработените добиваат нови улоги наместо откази

Истражувањето, спроведено од компанијата Genpact под наслов Autonomy in Practice, опфатило 2.005 раководители во големи компании од 17 индустрии и 14 деловни области. Станува збор за организации со годишни приходи од најмалку една милијарда долари.

Резултатите покажуваат дека 69% од компаниите што веќе користат AI агенти во секојдневното работење во изминатата година го зголемиле нивниот број. Но, тоа не довело до масовно намалување на бројот на вработени.

Напротив, компаниите сè почесто ги менуваат постојните работни позиции за да вклучат соработка со вештачката интелигенција.

  • Речиси 40% од раководителите велат дека нивните компании ги менуваат постојните работни места за вработените да можат да работат со AI агенти.
  • 27% создаваат целосно нови работни позиции поврзани со оваа технологија.
  • Речиси половина од анкетираните раководители велат дека им се потребни луѓе кои ги разбираат и технологијата и деловното работење.

Ова значи дека се појавува нова потреба на пазарот на трудот: професионалци кои не само што знаат да користат вештачка интелигенција, туку можат да ги надгледуваат нејзините резултати, да ги проценуваат одлуките и да ја насочуваат кон конкретни деловни цели. 

Повеќе автоматизација не значи автоматски и помалку работа

Еден од најинтересните наоди е дека 77% од раководителите велат дека нивните компании имаат план како времето заштедено со помош на вештачката интелигенција да го искористат за повредни работни активности. Сепак, постои и проблем: 46% признаваат дека тешкотиите во пренасочувањето на ослободеното време на вработените кон нови задачи ги попречуваат очекуваните резултати од AI технологијата.

Со други зборови, не е доволно компанијата само да воведе нова технологија. Таа мора да одлучи што ќе работат луѓето кога дел од нивните досегашни обврски ќе ги преземе вештачката интелигенција.

Каква порака испраќа ова до работниците и работодавачите?

Резултатите укажуваат дека иднината на работата можеби нема да биде едноставна приказна за замена на луѓето со машини. Наместо тоа, сè поважна ќе биде способноста на вработените да соработуваат со технологијата, да преземаат посложени одговорности и да носат одлуки што бараат човечка проценка.

За работодавачите, предизвикот нема да биде само набавката на најсовремени AI алатки, туку и подготовката на вработените за новите улоги.

Вештачката интелигенција може да преземе дел од работата, но компаниите што сакаат да извлечат вистинска корист од неа ќе мора да размислат како подобро да го искористат човечкиот потенцијал.

Прочитајте и за: HR трендови: Кога менаџерите потфрлаат HR и директорите си ја префрлаат топкатa

Тагови: AI HR трендови

H&M, Котон, Фитнес Хаус и многу други вработуваат!

Огласи за работа во H&M, Котон, Фитнес Хаус!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

H&M е еден од водечките меѓународни модни брендови, познат по современа облека, обувки и модни додатоци за жени, мажи и деца. Брендот нуди разновидни модни колекции кои ги следат актуелните трендови, комбинирајќи стил, удобност и достапни цени. Со фокус на секојдневната мода и современиот начин на живот, H&M им овозможува на потрошувачите да го изразат својот личен стил во секоја пригода.

Моментално вработува:

Советник за продажба со полно работно време - Diamond Mall
Советник за продажба со полно работно време - City Mall
Менаџер на оддел (полно работно време)

Фитнес Хаус е специјализиран ресторан за здрава и фитнес исхрана во Скопје, основан во 2015 година со цел да понуди брза, но нутритивно избалансирана храна за луѓе со активен начин на живот.

Моменталнои ваработува:

Готвач/ка - Аеродром
Салатер/ка - Слаткар/ка – Аеродром
Готвач/ка – Центар
Салатер/ка - Центар

Котон Магазаџилик ДООЕЛ е дел од KOTON, еден од познатите меѓународни модни брендови со потекло од Турција, основан во 1988 година во Истанбул. Од своите почетоци како мала продавница, KOTON прераснува во глобален моден бренд со присуство на повеќе пазари и широка понуда на современа облека и модни додатоци.

Моментално вработува:

Заменик раководител на малопродажен објект - Тетово
Продажен персонал - Capitol Mall
Продажен персонал - City Mall - полно работно време
Продажен персонал - Diamond Mall

Авицена Лабораторија е сертифицирана и акредитирана медицинска лабораторија, посветена на обезбедување висококвалитетни лабораториски услуги и сигурни резултати. Со современа опрема, стручeн кадар и примена на меѓународни стандарди, Авицена нуди широк спектар на лабораториски анализи и услуги, со фокус на точноста, професионалноста и грижата за пациентите.

Моментално вработува:

Оператор на приемен пулт
Медицински лабораториски техничар

МАГРОНИ ДОО - Скопје е една од водечките македонски компании за производство и дистрибуција на природна минерална и природна изворска вода, освежителни безалкохолни пијалаци и алкохолни пијалаци.

Моментално вработува:

Работник во магацинот во Скопје
Магационер - одговорен на смена во магационот во Скопје

Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот ZIA кој работи повеќе од 7 години, и е пласиран на пазарот со 8 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин од внатрешната страна), Capitol Mall, 1 спрат, East Gate Mall, Приземје, Skopje City Mall 1 спрат, Битола Широк Сокак, Palma Mall Тетово и La Plaza Куманово. Еден од нашите најважни приоритети е квалитетен кадар кој е задоволен од условите за работа.

Моментално вработува:

Асистент за продажба со флексибилност за повеќе локации
Сезонски асистент во продавница
Продажба - East Gate Mall

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

KFC еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко.

Моментално вработува:

Менаџер на смена - Струга
Персонал за работа - нас. Ново Лисиче

Жито Центар е компанија со седиште во Скопје, посветена на производство на квалитетни, природни и хранливи пекарски производи. Преку иновативен пристап и внимателно избрани состојки, компанијата создава производи што претставуваат поинаков избор во светот на пекарството.

Моментално вработува:

Хаусмајстор
Менаџер за продажба

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи на Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.