Менаџер на смена - Струга

Објавенпред 7 часа
Активен до04.12.2026
ПозицијаМенаџер/Директор
ЛокацијаСтруга
Веб-страницаkfc-mk.com
За компанијата

Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко! Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

ВРАБОТУВАМЕ МЕНАЏЕРИ НА СМЕНА

Тимот на KFC Македонија е во потрага по менаџер на смена кој со својата ангажираност, обука и мотивирање на вработените ќе придонесе за одличен тим и одлично место за работа. Менаџерот на смена проактивно го поддржува целиот тим поради ефикасно работење на ресторанот притоа запазувајќи ги сите процедури и стандарди според кои работи КФЦ.

Што ќе работиш:

  • Поддршка на менаџерскиот тим за следење и развивање на нови вработени преку тренинзи.
  • Успешно решавање на поплаките и прашањата на клиентите во согласност со политиката на компанијата
  • Создавање на средина којашто е фокусирана на клиентите
  • Максимизирање на продажбите во својата смена
  • Контрола врз залихата и бројот на вработени во ресторанот
  • Изготвување на извештаи после секоја смена
  • Oбезбедување непрекинато работење на ресторанот и распределување задачи меѓу вработените
  • Контрола врз спроведувањето на процедурите за подготовка и складирање на производите.

Кого бараме:

  • Лице со завршено средно образование
  • Основно познавање на Microsoft Office и англиски јазик
  • Личност со добри организациски и лидерски вештини
  • Проактивен/на, одговорен/на и ориентиран/а кон решавање проблеми
  • Способност за планирање, следење и евалуација на процеси
  • Умее да работи под притисок и да носи одлуки во динамична средина
  • Лице кое знае да ги користи ресурсите паметно и ефикасно, со фокус на резултати

Што нудиме:

  • Платена и професионална обука – претходно искуство не е потребно
  • Работа со полно или скратено работно време
  • Можност за напредување во рамки на компанијата
  • Конкурентна плата со платени прекувремени, ноќни и празнични часови
  • Бонуси за остварени резултати
  • Бонус за препорачан пријател
  • Дневен бесплатен оброк и 20% попуст на производите
  • Позитивна и поддржувачка работна атмосфера

Локација:

Доколку сакате да се приклучите на нашето КФЦ семејство, ја очекуваме вашата апликација! Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од КАН Интернатионал

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе