Во ZIA, веруваме дека накитот е повеќе од моден додаток, тој е начин на изразување, самодоверба и создавање посебни моменти.
Со приближувањето на празничниот период, кога нашите продажни места стануваат особено динамични, го прошируваме нашиот тим и бараме одговорна, вредна и организирана личност која ќе ни помогне во секојдневното функционирање на продавницата.
Твоите главни задачи ќе бидат:
- Пакување на накит и подготовка на производите за клиентите.
- Надополнување на производи во витрините.
- Одржување на уредноста и организираноста на продажниот простор.
- Поддршка на продажниот тим во периоди со зголемена фреквенција на клиенти.
Што очекуваме од тебе?
- Одговорност, посветеност и внимание на детали.
- Организираност и брзина во извршувањето на задачите.
- Љубезност и позитивен однос кон колегите и клиентите.
- Способност за работа во динамична средина.
Ако си личност која сака динамика, организација и тимска работа, те покануваме да ни се придружиш!
Аплицирај и биди дел од празничната приказна на ZIA.