Асистент за продажба со флексибилност за повеќе локации

Објавенпред 12 часа
Активен до04.12.2026
ПозицијаПерсонал во продавница/Касиер
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаwww.zia.mk
За компанијата

Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот "ZIA" кој работи повеќе од 7 години, и е пласиран на пазарот со 8 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Во ZIA, веруваме дека накитот е повеќе од моден додаток, тој е начин на изразување, самодоверба и создавање посебни моменти.

Ако ја сакаш модата, накитот и работата со луѓе, ако уживаш во динамична средина и сакаш секој клиент да си замине со позитивно искуство, те покануваме да ни се придружиш како Продажен асистент.

Што бараме?

  • Позитивен став, енергија и љубезен однос кон клиентите;
  • Одлични комуникациски и продажни вештини;
  • Желба за учење и развој;
  • Одговорност, организираност и внимание кон деталите;
  • Тимски дух и подготвеност за работа во динамична средина;
  • Флексибилност и подготвеност за работа во смени и на повеќе локации во Скопје , вклучително и за време на викенди и празници;
  • Искуство во продажба или работа со фискална каса е предност, но не е услов.
  • Возачка дозвола Б категорија

Што нудиме?

  • Конкурентна нето плата;
  • Дополнителен надомест за работа во недела и празници;
  • Месечни продажни таргети и бонуси според остварените резултати;
  • Можност за професионален развој и напредување во рамки на ZIA;
  • 30% попуст за вработени при купување во ZIA, согласно правилата на компанијата;
  • Ваучер за роденден;
  • Обуки за продажба, комуникација, продукт знаење и styling;
  • Работа во млад, динамичен и поддржувачки тим;
  • Можност да бидеш дел од бренд кој постојано расте и се развива.

Ако се препознаваш во ова, сакаме да те запознаеме!

Не бараме само продажен асистент. Бараме личност која ќе внесе енергија, љубезност и позитивна атмосфера во нашите продавници и ќе помогне секоја посета на ZIA да биде посебно искуство за клиентот.

Аплицирај и стани дел од ZIA.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од ЕЛ ДОРАДО ДОО Скопје

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе