Најновите огласи за работа во Скопје!

Најди работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Стоматолог
Продавач/ка - Касиер/ка - Тафталиџе
Шеф на маркет
Одговорно лице за регулатива и регистрација на производи
Deal & Title Coordinator

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најнови огласи за работа во Струга!

Дали секој работник има право на К-15?

Проверете колкав К-15 ви следува!

Регресот за годишен одмор, познат како К-15, е право на работниците во приватниот сектор кое произлегува од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. За да го остварат ова право, вработените треба да имаат најмалку шест месеци непрекинат работен однос кај истиот работодавач во текот на календарската година.

Исплатата на К-15 за 2026 година започна на 1 јули, а крајниот рок е 31 декември. Работодавачите можат да го исплатат регресот во овој период, но износот не е фиксна сума што важи за сите компании и за целата година.

Колку изнесува минималниот К-15 во 2026 година?

Според најновите пресметки врз основа на објавените податоци за просечната нето-плата, минималниот регрес за исплати за кои се применува најновата достапна основица изнесува околу 19.415 денари. Пресметката се базира на просечната нето-плата за јуни, јули и август 2026 година, која изнесува приближно 48.538 денари.

Согласно член 35 од Општиот колективен договор, минималниот регрес изнесува 40% од основицата, односно од просечната месечна нето-плата по работник во државата, исплатена во последните три месеци.

Важно е да се знае дека износот се утврдува според основицата што важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата. Поради тоа, работниците кои го добиле К-15 во различни периоди од годината може да добијат различни износи. Работодавачите можат да исплатат и повисок регрес, доколку тоа е предвидено со соодветниот колективен договор или со нивната одлука.

Кој има право на К-15?

Право на регрес имаат работниците во приватниот сектор кои го исполнуваат условот за најмалку шест месеци непрекинат работен однос кај истиот работодавач во текот на календарската година.

Правото не зависи од работната позиција, односно дали вработениот е административен работник, продавач, инженер или раководител. Клучен е условот за стажот кај истиот работодавач и применливиот колективен договор.

Може ли работодавачот да исплати помал износ?

Да, но само под посебни услови. Доколку работодавачот се соочува со економско-финансиски тешкотии, колективниот договор предвидува можност за утврдување понизок износ по задолжителна претходна консултација со соодветната синдикална организација и склучување писмена спогодба со репрезентативната синдикална организација, согласно применливите правила.

Тоа значи дека работодавачот не може едноставно да одлучи самостојно да исплати помал К-15 само затоа што смета дека износот е превисок. Потребно е да бидат исполнети условите и постапката предвидени со колективниот договор.

Што ако работникот не го добие регресот до крајот на годината?

Ако работникот ги исполнува условите за К-15, а работодавачот не го исплати регресот во предвидениот рок, може да побара заштита на своите права. За пријавување на евентуални неправилности надлежен е Државниот инспекторат за труд, кој врши инспекциски надзор и постапува во рамките на своите законски овластувања.

Работниците треба да ја проверат и документацијата поврзана со исплатата, како и дали евентуално намалување на износот е направено во согласност со колективниот договор.

Дали К-15 е ист за приватниот и јавниот сектор?

Не. За приватниот сектор од областа на стопанството важи правилото за минимален регрес од 40% од соодветната основица. За јавниот сектор важат посебни одредби од Општиот колективен договор за јавниот сектор, па пресметката и условите не треба автоматски да се изедначуваат со оние во приватниот сектор.

К-15 останува важно работничко право, а познавањето на правилата за неговата исплата им помага на вработените навреме да проверат дали го добиле износот што им следува.

Тагови: исплата К-15 казни минимална плата работнички права

Скопје до 15 декември во новогодишно руво: Елка од 13 метри и декорации од 73.000 евра

Главниот град се подготвува за празниците со нова новогодишна декорација, светлосни фигури и елка висока 13 метри. Понудите за украсувањето се поднесуваат до 5 ноември.

Скопје ќе треба да биде украсено за новогодишните празници најдоцна до 15 декември, според јавниот повик што го распиша Град Скопје за празнична декорација вредна околу 3,8 милиони денари без ДДВ, односно приближно 4,5 милиони денари или околу 73.000 евра со ДДВ. Декорациите треба да останат поставени до периодот меѓу 15 и 25 јануари 2027 година, а компаниите можат да доставуваат понуди до 5 ноември.

Во центарот на празничното украсување е предвидена новогодишна елка висока 13 метри, изработена како реплика на природна елка. Покрај неа, техничката спецификација предвидува и светлосен елен висок околу четири метри, фигура во форма на подарок повисока од шест метри, два портали и тридимензионална санка со подароци, во која граѓаните ќе можат да влезат и да се фотографираат.

Планирани се и два тридимензионални балони, фигура на Дедо Мраз, околу 100 светлосни букети, новогодишен венец за фотографирање, како и дополнителни светилки и светлосни „мразулци“. За разлика од лани, во повикот не се наведени точните локации за поставување на декорацијата, туку тие ќе бидат утврдени дополнително по изборот на фирмата. Минатата година украсувањето го реализираше „Линк медиа плус“, а годинава за празничниот амбиент е предвиден нешто повисок буџет.

Тагови: новогодишна елка Скопје

Од 13 декември брз воз од Белград до Будимпешта и Виена

Нова железничка врска меѓу Белград, Будимпешта и Виена стартува на 13 декември, со билети од околу 35 евра и директни линии без преседнување.

Брзиот воз на релацијата Белград–Будимпешта ќе почне да сообраќа на 13 декември 2026 година, кога стапува во сила новиот возен ред, најави вршителот на должноста директор на „Србијавоз“, Љубиша Пејчиќ. Според најавите, билетот до Будимпешта ќе чини околу 35 евра, додека за Виена во јавноста се споменува цена од 43 евра, иако конечните износи сè уште се усогласуваат со унгарските и австриските железници.

Новиот возен ред предвидува осум поаѓања, од кои шест ќе бидат до Будимпешта, а две ќе продолжуваат директно до Виена. Пејчиќ посочи дека билетите сè уште не се пуштени во продажба, но тоа се очекува наскоро. До Будимпешта ќе сообраќаат возови на „Србијавоз“, вклучително и кинеските брзи композиции, додека линијата до Виена ќе ја опслужуваат унгарските железници, без потреба од преседнување.

Одложувањето на стартот било поврзано со дополнителни тестирања на унгарскиот дел од пругата, поради разликите во инфраструктурата и големиот број железнички премини во Унгарија. Тестовите, според Пејчиќ, завршиле успешно. Се очекува патувањето од Белград до Будимпешта да трае околу три и пол часа, а најбрзите директни линии да стигнуваат за приближно три часа и 15 минути.

Тагови: воз Белград Виена