Од 13 декември брз воз од Белград до Будимпешта и Виена

Нова железничка врска меѓу Белград, Будимпешта и Виена стартува на 13 декември, со билети од околу 35 евра и директни линии без преседнување.

Брзиот воз на релацијата Белград–Будимпешта ќе почне да сообраќа на 13 декември 2026 година, кога стапува во сила новиот возен ред, најави вршителот на должноста директор на „Србијавоз“, Љубиша Пејчиќ. Според најавите, билетот до Будимпешта ќе чини околу 35 евра, додека за Виена во јавноста се споменува цена од 43 евра, иако конечните износи сè уште се усогласуваат со унгарските и австриските железници.

Новиот возен ред предвидува осум поаѓања, од кои шест ќе бидат до Будимпешта, а две ќе продолжуваат директно до Виена. Пејчиќ посочи дека билетите сè уште не се пуштени во продажба, но тоа се очекува наскоро. До Будимпешта ќе сообраќаат возови на „Србијавоз“, вклучително и кинеските брзи композиции, додека линијата до Виена ќе ја опслужуваат унгарските железници, без потреба од преседнување.

Одложувањето на стартот било поврзано со дополнителни тестирања на унгарскиот дел од пругата, поради разликите во инфраструктурата и големиот број железнички премини во Унгарија. Тестовите, според Пејчиќ, завршиле успешно. Се очекува патувањето од Белград до Будимпешта да трае околу три и пол часа, а најбрзите директни линии да стигнуваат за приближно три часа и 15 минути.

Тагови: воз Белград Виена

ChatGPT и Claude надвор од службените компјутери: Се воведуваат нови ограничувања

Вработените повеќе нема да смеат да ги користат интернет-верзиите на ChatGPT и Claude на службените компјутери.

Вработените во шведската Влада од понеделник повеќе нема да смеат да ги користат интернет-верзиите на ChatGPT и Claude на службените компјутери, поради загриженост за безбедноста и обработката на чувствителни податоци. Одлуката е донесена по анализа на користењето на алатките со вештачка интелигенција во Шведската управа за транспорт, каде било утврдено дека тие во одредени случаи биле применувани на „проблематичен“ начин при извршување службени задачи.

Главната причина за забраната е ризикот вработените да внесуваат доверливи или службени информации во AI-платформи кои немаат соодветен договор за заштита и безбедност на податоците. Според шведските власти, тоа создава можност информациите да бидат зачувани или искористени за понатамошно тренирање на моделите. Директорот за дигитализација во Канцеларијата на шведската Влада, Микаел Ветеркранц, предупредил дека користењето неодобрени информатички алатки, познато како „shadow IT“, може сериозно да ја загрози информациската безбедност.

Како побезбедна алтернатива, на вработените им се препорачува Microsoft Copilot, алатка што веќе поминала безбедносна проверка и е опфатена со договор за заштита на податоците меѓу Microsoft и шведската Влада. Иако забраната не значи целосно откажување од вештачката интелигенција, нејзината употреба ќе продолжи под построги правила. Ограничен број службеници ќе може да користат ChatGPT и Claude само преку специјална платформа за AI-асистенти развиена од шведските власти, додека слични ограничувања веќе воведоа и други државни институции во земјата.

Тагови: ChatGPT вработени Шведска

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник за општи и нормативно правни работи - Секретар, Одделение за нормативно - правни работи, човечки ресурси и општи работи, Административна служба

Секретар/Технички секретар I/Самостоен референт за деловно работење - Технички секретар кој врши и благајнички и други слични работи, Одделение за финансии и сметководство, Административна служба

Самостоен референт за документација, Одделение за урбана опрема, Сектор за планирање и уредување на просторот

Помошник раководител на сектор за протоколарни работи

Раководител на oдделение за статистика и библиотека, Сектор за едукација, комуникација, статистика и библиотека, Посебна организациона единица - Парламентарен институт

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Се разгледува четиридневна работна недела во Македонија

На состанокот биле отворени и прашањата за работата во недела, неработните денови и регулирањето на пензискиот стаж.

Можноста за воведување четиридневна работна недела во Македонија била меѓу темите за кои се разговарало на седницата на Економско-социјалниот совет.

На состанокот биле отворени и прашањата за работата во недела, неработните денови и регулирањето на пензискиот стаж. Сепак, засега нема донесена одлука за воведување четиридневна работна недела.

За ваква промена ќе биде потребно усогласување меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, како и разгледување на можните ефекти врз работниците и компаниите.

На истата седница била разгледана и потрошувачката кошница за четиричлено домаќинство. Според презентираните податоци, во септември таа изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари помалку во споредба со август, но за 1.736 денари повеќе отколку во јануари годинава.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, посочил дека податоците за трошоците на домаќинствата треба да послужат како основа за креирање економски и социјални политики

Тагови: Македонија четиридневна работна недела