Деловен асистент

Објавенпред 20 часа
Активен до11.11.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
Телефон023131131
Веб-страницаhttps://erakgroup.com
За компанијата

ЕРАК ГРУП е групација која преку своите компании – Караџи Турс Балкан, ЕРАК Транспортер, ЕРАК Еколоџи и ЕРАК Хотелс нуди разновиден спектар на услуги, вклучувајќи транспорт на патници, туристички услуги,... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

ЗА НАС:

ЕРАК ГРУП е групација која преку своите компании – Караџи Турс Балкан, ЕРАК Транспортер, ЕРАК Еколоџи и ЕРАК Хотелс нуди разновиден спектар на услуги, вклучувајќи транспорт на патници, туристички услуги, како и иновативни решенија за управување со отпад, како што е пиролизата на пластичен отпад, како и хотелски услуги за домаќни и странски гости.

Компанијата е основана во 2006 година како семеен бизнис, со фокус на превозот на патници. Од тогаш, ЕРАК ГРУП прерасна во стабилна компанија, проширувајќи го својот деловен опсег во повеќе сектори и на неколку пазари во регионот.

Имаме потреба од одговорна, организирана и комуникативна личност за работната позиција Деловен администратор, која ќе биде задолжена за административна поддршка на секојдневното работење на компанијата.

 Работни задачи и одговорности:

  • Пречек на деловни соработници, приготвување и сервирање на кафе.
  • Извршување на секојдневни административни и канцелариски задачи.
  • Прием, обработка, евиденција и проследување на деловна документација.
  • Комуникација со добавувачи за канцелариски материјали преку телефон и електронска пошта.
  • Извршување и на други административни задачи согласно потребите на работниот процес.
  • Работно време од 09h-17h  часот

Потребни квалификации и вештини:

  • Завршено минимум средно образование;
  • Познавање на работа со компјутер, особено MS Office (Word, Excel, Outlook).
  • Добри организациски и комуникациски способности.
  • Прецизност, одговорност и посветеност на работата.
  • Способност за самостојно извршување на задачи и тимска работа.
  • Претходно работно искуство на административна позиција ќе се смета за предност.

Што нудиме:

  • Стабилно работно место во професионална работна средина.
  • Можност за професионален развој и унапредување.
  • Поддршка од тимот и можност за стекнување нови знаења и вештини.
  • Редовна и конкурентна плата, согласно квалификациите и искуството.

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат со испраќање на својата професионална биографија (CV) преку [ [најави се за да го видиш е-маилот] ].

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.

Ве очекуваме во нашиот тим!

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе